25/3/2020 0 Comments НенаситнаГостин уредник - Шпанија
Нетфликс ја започна оваа ТВ серија, Ненаситна, во 2018 година. Две сезони од серијата се објавени во моментов, а третата наскоро ќе пристигне (иако гласините велат дека ќе биде откажана). Ненаситна е истовремено црна комедија, романтична серија и тинејџерска приказна. Пред својата премиера, некои луѓе одбиваа да ја емитуваат, поради видот на пораката што се пренесува и можните толкувања.
Серијата “Ненаситна” е за Пети, тинејџерка која сака чоколадо, и која целиот живот е малтретирана. Една вечер во продавница, тие се обидуваат да украдат чоколадо и таа е нападната. Поради овој настан, таа ќе го помине целото лето пиејќи само течности. Кога се враќа во средното училиште во септември, таа е драматично променета и ослабена. Сега сите се љубезни и пријателски расположени кон неа, поради нејзиниот нов изглед.
Пети се пријавува на натпревар за убавина, за да им се одмазди на сите оние кои и се смееја, благодарение на Боб, дискретитиран адвокат кој е добро информиран во натпревари за убавина. Заплетот покажува како Пети има намера да се одмазди, и исто така како, поради резултат на тоа, односите со нејзината најдобра другарка почнуваат да се расипуваат. Серијата е исто така и за животот на Боб откако се запознава со Пети. Често луѓето сметаат дека тој е геј, поради неговото присуство на натпреварите за убавина. Бракот на Боб исто така почнува да се распаѓа откако Пети се вмешува помеѓу Боб и неговата сопруга Корали.
Според мое мислење, ова е добра серија за оние кои сакаат црна комедија. Сметам дека не е добро тоа што серијата е фокусирана кон девојка која поради губењето на тежина момчињата ја сакаат и која се одмаздува кон сите оние кои претходно ја исмејувале. Знам дека серијата не сака да ја пренесе оваа порака, но очигледно тоа е првиот впечаток. Па така, дури и пред објавувањето, некои луѓе сакале таа да се откаже бидејќи пренесува пораки кои можат да поврадат повеќе луѓе. Како што споменав погоре, третата сезона е најверојатно ќе биде прекината.
Автор: Марија Хосе Поло Гомез дел Пулгар Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments
Гостин уредник - ШпанијаОва политичко движење започна во текот на 19тиот век. Целта на ова политичко движење било да се постигне правото на глас на жените на изборите. Се смета дека движењето официјално започнува со Декларацијата за чувства на конвенцијата во Сенека Паѓа, во 1848 година, и се смета дека ова движење се завршило во 1948 со Универзалната декларација за човекови права, каде што се наведува правото на глас на жените како универзално човеково право. Обединето Кралство Британското движење за право на глас на жените било поделено на два дела: едното кое било поумерено и другото кое било порадикално и барало директно дејство. Првата пресвртница на британското движење за право на глас на жените, било дејствие преземено од Џон Стјуарт Мил во 1866 во Собранието. Тој доставил барање, потпишано од 1500 жени, во кое се бара да се вклучи правото на глас на жените во реформата за право на глас за која се дискутирало во тоа време. Одбивањето на ова барање резултирало со создавање на многу здруженија на жени за право на глас во текот на 70-тата деценија. Овие здруженија, поврзани со либералните партии, имаа за цел последно презентираните правни проекти да се усогласат со нивните цели. Сите овие здруженија се обединиле во Националната Унија на Здруженија на Жени за Право на Глас – NUWSS. Милицент Гарет Фаукет (1847-1929) бил претседател на умерените суфражистки кои се групирале во рамките на NUWSS. Унијата достигнала 100.000 членови во 1914, и се фокусирала на политичка пропаганда, со организирање на демонстрации и кампањи за убедување, но секогаш ги почитувале редот и законот. Бидејќи оваа умерена стратегија не произвела резултати, Емелин Панкхерст (1858-1928) ја создала општествената и политичка унија на жени. Членовите на оваа унија биле познати како “суфражистки”. Додека Собранието расправаше за законските реформи кои дозволуваат жените да гласаат, општествената и политичка унија на жени, покрај традиционалните пропагандни средства, како состаноци и демонстрации, предизвикаа и насилни активности, како саботажа, палење на продавници и јавни објекти, како и агресија во приватни домови на познати политичари и пратеници. Унијата на жени на Панкхерст, имала сосема поинаков пристап од националната унија на здруженијата на жени. Последно споменатата унија, имала за цел да постигне резултати преку активности што потенцијално биле прифатени од тогашната одлука на конзерваторската влада. Унијата на Панкхерст, пак, усогласена со својата социјалистичка компонента, ги сметала овие активности како бескорисен напор, откако бараната реформа не била во интерес на владата, и заклучиле дека единствениот начин да се оди напред е да се подигне јавното мислење и да се создаде интерес на оваа тема. Како резултат на тоа, повикувањето внимание била цел која требала да се постигне по секоја цена, така што непријателските активности, на крајот би можеле да бидат корисни за постигнување на целта. Се кренале сериозни немири поттикнати од нивните постапки и одговорите на погодените, така што тие биле уапсени од страна на полицијата. Кога биле запрашани да изберат помеѓу парична казна и затвор, тие избрале затвор, за да привлечат поголемо внимание во медиумите. Суфражистките одговориле на растечката владина репресија со спроведување на штрајкови со глад во затворот, кое резултирало со брутално присилно хранење. Одговорот на владата на оваа ситуација, бил навистина автентичен. Собранието го условило законот наречен “Мачка и Глушец”. Глувците – жените – ќе бидат ослободени од затвор од страна на мачката – државата – секогаш кога нивната физичка состојба ќе стане критична. Сепак, откако физички ќе се опорават, тие повторно биле апсени и ставени во затвор. Пред Првата светска војна, насилствата на протестот на движењето на жените за право на глас, ги натерало политичките партии да го преиспитаат нивниот став кон правото на глас на жените. Првата светска војна постави став во барањата на жените за право на глас, и по конфликтот, кога жените добија заслуги како работна сила која помогнала во опстанокот на економијата, правото на глас на жените конечно било прифатено. На 6-ти февруари 1918 година британскиот парламент го усвои изборниот закон во 1918, кој конечно дозволи дека 8 милиони жени, сите на возраст од над 30 години, се вклучени во избирачкиот список. Беа потребни уште 10 години за конечно да им се овозможи на жените над 21 година да гласаат, исто како и мажите. ШпанијаЖените можеле да учествуваат во шпанскиот параламент уште во судовите во Кадис во 1912. Ова значи дека таканареченото “пасивно” право на глас на жените започнало во Шпанија од почетокот на 19тиот век. Кога Втората Шпанска Република била основана во април 1913 година, многу жени се бореле за дозвола за право на глас, откако законот им дозволил да бидат изгласани, но не и да гласаат. Тоа била Клара Кампоамор, пратеничка на радикалната партија, која го промовирала правото на глас на жените и правната еднаквост со мажите, како и правото на развод, таа успеала во нејзиниот напор на 1 октомври 1931 година со 161 глас “за”, 121 “против” и 188 воздржани. Повеќе од 6.5 милиони жени со право на глас, можеле конечно да учествуваат на изборите на 19 ноември 1933 година, да гласаат за нивните претставници и да станат граѓани со полно право. Список на држави и датуми кога е прифатено правото на глас на женитеАвтор: Кармен Алисија Лопез Руиз
Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска 23/3/2020 0 Comments Што се случува околу нас?Гостин уредник - ИталијаВообичаено во Рубриката - Гостин уредник ги објавуваме текстовите од дигиталните весници на нашите училишта-партнери во проектот, додека во нашиот еТвининг проект дополнително се објавуваат текстовите од весниците на партнерите вклучени во еТвининг проектот. Земајќи ја во предвид настанатата вонредна ситуација во целиот свет со Ковид-19 вирусот, во оваа прилика го објавуваме текстот од училиштето ICS “G. Bertolotti”, Gavardo (Bs) од Италија во кој тие даваат опис за моменталната ситуација во Италија, земја во која бројот на заразени со овој вирус моментално е најголем и ситуацијата е мошне сериозна. Што се случува околу нас во овие денови и во овој тежок период? Што се смени за само две недели? Италија живее во тешки и непогодни услови создадени од Ковид-19, познат како коронавирус? И, каков е животот надвор од Италија, во Европа и во светот? Во Италија училиштата се затворени од 24 февруари 2020 година, учениците се дома веќе четири недели и се чувствуваат малку збунети и зачудени. Откако вирусот пристигна овде, сите луѓе почнаа да се плашат и да преземаат дополнителни мерки. Кога имаше само две или три лица заразени, немаше возбуда, но сега нема никој надвор на улиците или во парковите, сите граѓани се плашат да не се заразат. Владата презеде ограничени и строги мерки за целата земја: ги затворија сите училишта и универзитети, барови и ресторани, ги запреа сите спортски настани и тренинзи, забрането е верско славење и рекреативни активности за да се избегне било каков контакт помеѓу луѓето, да се спречи и намали ширењето. Голем дел од Европа има слична ситуација како онаа во Италија и ние само можеме да кажеме: "Се ќе биде во ред!" Коронавирусот сега се проширува во многу делови од светот, но научниците и експертите се борат за да ја решат оваа пандемија; лекарите и медицинските сестри работат напорно – дење и ноќе – обидувајќи се да најдат решение и нема да се уморат додека не пронајдат едно, затоа бидете уверени во ова и уживајте во престојот дома. Пред овој критичен настан, учениците го сметаа училиштето и образованието како обврска и должност. Сега кога се принудени да останат дома, тие сфаќаат дека училиштето всушност е нешто поразлично: фантастично место каде што можат да се видат со своите пријатели, одлична можност да научат нови работи и да споделуваат искуства. Бидејќи не можат да одат на училиште за прв пат во животот, тинејџерите жалат што го сметале ова место како должност и се потсетуваат на училиштето како радосен спомен. За време на првите денови на затворање на училиштата, кога бројот на заразени сè уште беше ограничен, на учениците им се допадна одлуката на Советот на министри затоа што сè уште беше привремен и неочекуван распуст. Сега кога ситуацијата се влошува сè повеќе бидејќи многу луѓе се разболуваат и голем дел од нив умираат како последица на болеста, учениците би сакале да се вратат на нивното секојдневие: одењето во училиште, решавањето тестови, средбата со наставниците и соучениците, бидејќи ова би значело крај на оваа вонредна состојба. Со надеж дека сè ќе се врати во нормала, можеме да кажеме само „сè ќе биде во ред“. #ЈАССЕДАМДОМА Автори: Сара Филипини и Џакомо Бонора од училиштето ICS “G. Bertolotti”, Gavardo (Bs) од Италија
Оригиналниот напис е објавен во нашиот еТвининг проект на следниот линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска 10/3/2020 0 Comments Среќен 1-ви март од Романија!Гостин уредник - Романија“Mărțișor" е стара традиција која се слави низ цела Романија, секоја година, на 1-ви март. Името “Mărțișor" е деминутив на март (Martie на романски јазик). Се верува дека личноста која носи црвено-бела врвка ќе има просперитетна и здрава година. Не многу одамна, во селата, луѓето го прославуваа “Mărțișor" така што закачуваа црвено-бели врвки на нивните порти, прозорци, роговите на добитокот, како и на плевните, за да се заштитат од зли духови и да ја повикаат регенеративната моќ на природата. Во источна Романија (Молдавија и Буковина), на црвено-белата врвка, луѓето прикачувале мала златна и сребрена монета. Откако жените ја носат паричката дванаесет дена, тие купуваат свежо сирење, верувајќи дека на овој начин кожата ќе им биде здрава и убава цела година. Според археолошките истражувања, “Mărțișor" ја носи својата историја повеќе од 8000 години. Некои етнолози веруваат дека оваа прослава има римско потекло, додека пак други ја поддржуваат теоријата дека станува збор за стара традиција од Дакија. Во антички Рим, новата година се славела на 1-ви март. Март („Martius“) бил именуван во чест на богот Марс. Марс не бил само бог на војната, туку и бог на земјоделството, што придонесува за повторното раѓање на вегетацијата. Дакијците исто така ја прославувале новата година на првиот ден од март. Големи пролетни прослави биле посветени на овој настан. Во старите времиња, мартинките биле направени од мали речни камчиња, обоени во бела и црвена боја, зашиени на конец и ги носеле околу вратот. Тие биле носени, за да донесат среќа и добри временски услови, од 1-ви март па до расцветувањето првите дрвја. Кога ќе расцветале првите дрвја, тие биле обесени на гранките на дрвјата. Денес, на 1-ви март, Романците купуваат свиленкаста црвено-бела врквка (șnur) врзана во машна на кој е прицврстен мал накит и им ја даваат на женските членови од своето семејството, пријатели и колеги да покажат пријателство, почит или восхит. Учениците од нашето училиште направија мартинки. Со талент и вештина, учениците од предучилишна настава, но исто така и оние од одделенска и предметна настава, под внимателно водство на наставниците, направија уникатни уметнички дела. Тие работеа на нив користејќи различни техники на сликање, моделирање, правење и лепење. Исто така, материјалите беа различни, од салфетки, тестенини и глина до копчиња, куки и друго, кои ги комбинираа што е можно покреативно, претворајќи ги во навистина оригинални мартинки. И затоа што сакаме да им донесеме радост и среќа на сите околу нас, им ги понудивме малите вешто направени парчиња. Културните практики поврзани со 1-ви март во Бугарија, Северна Македонија, Република Молдавија и Романија (Mărțișor) беа запишани во 2017 година на претставничката листа на УНЕСКО на нематеријалното културно наследство.
Автор: Andreea Popescu VA Оргиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник Media Gener@tion и може да се најде на следниот линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска Гостин уредник - РоманијаПомеѓу децата и роботите привлечноста е неутрална. Ова најдовро се чувствува во Клубот за поботика во училиштето „Михај Еминеску“ во Александрија. Клубот започна со работа во рамките на Еразмус+ проектот „Кодирање во училиштето – состанок на роботите“ и има за цел да ги воведе учениците во мистериите на кодирањето. Во овој клуб членуваат интузијастите за кодирање, кои страсно сакаат да ја култивираат својата љубов за технологија во неформална околина и каде можат да го развијат аналитичкото размислување и креативност. Часовите се бесплатни. Учениците беа многу задоволни со оваа идеа и учествуваат со многу љубов и интерес во сите активности на клубот. „Јас дојдов во Клубот за роботика бидејќи тука се чувствував добро. Роботот Едисон е специјален бидејќи може да биде програмиран да изведува неколку активности како на пример: да ја следи светлината, да следи рута во лавиринт, да оди по линија или да танцува на песна. Исто така може да се подобри со употреба на лего коцки и може да подигне и да носи различни предмети. Некои од учениците сакаа Робот Едисон толку многу што му напишаа писмо да Дедо Мраз да им донесе таков робот кој ќе можат секогаш да го програмитаат.“, вели Бодган Молдовену, страсен ученик по роботика. Денис Думитаче е уште еден страсен ученик на програмирање: „Роботите се моја пасија. Уживам да поминувам време со моите колеги во кубот. Пасијата за езакутна наука, мотивацијата и амбицијата не зближува. Заедно со моите пријатели, јас учам како да градам и да програмирам роботи. Клубот ни помага да одлучиме за идната професија, како на пример, да станам програмер.“ Не се само учениците возбудени за Клубот за роботика.
„ИКТ значи многу повеќе од таблети и компјутерски игри. Задоволството на децата да употребуваат мора да биде раководено со одговорност и насочено кон креативни патеки. Ова може да се трансформира во способност да креираат игри, да градат и да програмираат роботи или да знаат како да употребуваат интернет и компјутери во секојдневните активности. Ја сакам оваа идеа за ваков клуб која е уникатна во Александрија и преставува можност за учениците во училиштето „Михај Еминеску“, вели г-ѓа Грисеану Џина, наставник и родител на ученик кој е член на Клубот за роботика. Автор: Grasa Cãtalin Andrei IVA Оргиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник Media Gener@tion и може да се најде на следниот линк Превод и едитирање на натписот: Љ. Ружинска 7/3/2020 0 Comments Помеѓу 6 анкетирани земји во еТвининг проектот, нашите ученици го користат интернетот најмалку за учењеГостин уредник - ХрватскаАнкетата беше спроведена како дел од проектот еТвининг, кој вклучува училишта од Финска, Полска, Португалија, Романија и Шпанија. Учениците од нашето училиште го користат интернетпт значително помалку за учење отколку ученици од училишта во Финска, Полска, Португалија, Романија и Шпанија. Ова беше резултат од анкетата спроведена како дел од еТвининг проектот SOS (Strengthen Online Security - Зајакнување на безбедноста на интернет). Нашето училиште опфати 73 ученици од одделенијата 5а, 6а, 7а и 8а. На прашањето што користат најмногу на интернет, на учениците им беа понудени 16 опции и требаше да изберат 4 работи што ги прават најмногу на интернет. Одговорите главно се слични и учениците од скоро секое партнер училиште го користат интернетот за играње игри, слушање музика, гледање филмови и за комуникација на социјалните мрежи. Процентите се малку поинакви, но како што споменавме во насловот, тие се многу различни кога станува збор за употребата на интернетот за училиште и учење. Тој процент варира многу и нашето училиште го зазема последното место со 25% од учениците кои изјавиле дека исто така го користат интернетот и за учење. Учениците од Португалија го заземаат првото место со 56,4%. Следат учениците од Полска со 42,9% и учениците од Финска со 41%. Четвртото место им припаѓа на Романците со 40,7%, а на петтото место се учениците од Шпанија со 38,3%. Инстаграм е најпопуларната социјална мрежа За целите на овој напис, ги анализиравме податоците за 4-те најпопуларни социјални мрежи. Врз основа на одговорите на учениците, Instagram е дефинитивно на прво место. Само во Полска, Facebook е се уште популарен за 5%. Во Хрватска Facebook се уште се држи цврсто и 62,9% од учениците го користат, додека во Португалија тој број е само 2,8%. Snapchat е исто така многу популарна социјална мрежа кај учениците. Најмалку се користи во Шпанија со само 29,7%. WhatsApp најмалку се користи во Полска со 36,4% и Хрватска следи со 40%. Се користи многу повеќе во други земји, но најмногу во Финска, каде 95,8% од анкетираните ученици ја користат оваа платформа за разменување на пораки. Во следната статија ќе ги анализираме податоците поврзани со безбедноста на интернет.
Автор: Леа Харча, 7б Оригиналниот напис е објавен во училишниот дигитален магазин Klinček Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска 7/3/2020 0 Comments Членовите од Мрежата на млади советници за Детски народен правобранител – детскиот глас треба да биде слушнат повеќеГостин уредник - Хрватска Имавме интервју на Скајп со тројца ученици од средните училишта во Загреб, кои неодамна имаа можност да зборуваат за правата на децата во хрватскиот парламент. Стела Тонер (16), Патриција Чретни (16) и Нико Радујковиќ (15) се средношколци од Загреб со кои се запознавме преку Скајп во петок, 13 февруари. Девојките се втора година во 2-рата гимназија, а Нико е ланскиот добитник на наградата Лука Риц - Насилството не е храброст, е ученик во 1-ва година од гимназија за природни науки. Причината за нашиот видео повик беше нивното членство во ММС (Мрежа на млади советници на народен правобранител). Тие ни говореа за начинот на работа и зошто би им препорачале членство во ММС на други ученици. Стела, Патриција и Нико ни кажаа кога ќе биде следната можност за некој да стане член на ММС. Тие зборуваа со нас преку Скајп од канцеларијата на детскиот народен правобранител што се наоѓа на улицата Теслина 10 во Загреб. Организиравме повик преку Скајп со членовите на ММС преку советникот Маја Флего која исто така учествуваше во ова интервју на Скајп заедно со нејзината колешка Ивона Салај. Тие и двете се советници на детскиот правобранител и тие активно соработуваат со младите советници и им помагаат во нивната работа. Кога станавте членови на ММС и како ја добивте идејата да се вклучите во работата на ММС? Патрисија: Сите сме членови од ноември 2017 година. Слушнав за огласот преку медиумите. Стела: Мојот педагог од средното училиште ми препорача да се пријавам. Нико: Слично беше и со мене, но мојот класен раководител ми испрати е-пошта и ми препорача да се пријавам на конкурсот. Таа мислеше дека вакво нешто би можело да ме интересира. Што треба да направите за да станете член на ММС? Нико: Покрај формуларот за апликација, треба да испратите и мотивационо писмо. Таму треба да напишете што правите и зошто мислите дека треба да станете член на ММС. Членови на ММС може да станат деца на возраст од 12 - 16 години за период од 3 години, а потоа следуваат нови избори. Тоа значи дека оваа година во мај секој што сака да биде член на ММС ќе добие шанса да се пријави. На каков начин работите во ММС? Патрисија: Најмногу работиме преку е-форум за кој секој член има своја лозинка. На форумот, предлагаме разни теми поврзани со правата на децата или нешто друго што не интересира и разговараме за тоа. Лично се среќаваме двапати годишно. Кој ги предлага вашите активности? Стела: Некои од активностите се резултат на нашите дискусии на форумот, а понекогаш советниците кои се задолжени да работат со ММС предложуваат некои активности. Дали некој од вас лично предложил некои активности? Нико: Јас предложив членовите на ММС и учениците од моето тогашно основно училиште да се приклучат на националната кампања за лица со пречки во читање и дислексија - „Јас исто така сакам да читам“. Патрисија: Јас ја започнав темата на форумот за посвојување на деца и за деца без родители, но сите учествуваме во дискусиите, така што не е толку важно кој ја започнал темата. За кои теми го советувавте народниот правобранител од моментот кога станавте членови на ММС? Стела: На нашиот форум, имаме и соба за разговори и таму можеме да зборуваме за се што сакаме. Но, јас би рекла дека најмногу се занимававме со врсничко насилство и компјутерски напади и дека најмногу го советувавме народниот правобранител за овие теми и учеството на децата. На кои активности, спроведени за време на вашиот мандат, вие сте особено горди? Нико: Можеби при изнесувањето на нашите ставови за потребата од учество на деца што го одржавме минатата година во ноември во хрватскиот парламент. Тоа беше организирано по повод 30-годишнината од Конвекцијата за правата на децата. Стела: Седевме во столчињата на претставниците на хрватскиот парламент и чувството беше навистина убаво. Имавме и прилика да поставиме прашања. Се сеќавам дека имаше едно прашање во врска со штрајкот на наставниците што беше актуелно во тоа време и исто така едно во врска со промените со завршната матура за нашата генерација. Се сеќавам и дека не бевме многу задоволни од одговорите затоа што тие не беа доволно конкретни. Возрасните не треба само да ни го наметнуваат нивното мислење Дали другите ученици во вашите училишта знаат дека сте членови на ММС? Нико: Сега откако сум во средно училиште повеќето ученици го знаат тоа, отколу што знаеа учениците во основното училиште. Тоа е затоа што директорот на нашето училиште инсистира на многу активности поврзани со спречување на врсничкото насилство. Патрисија: Во нашето училиште, учениците знаат дека јас и Стела сме членови на ММС, но тие не знаат многу детали за тоа како функционира ММС. Кое е вашето мислење околу правата на децата во Хрватска? Кои права на децата најмалку се почитуваат?
Стела: Ми се чини дека, всушност, најголемиот проблем е учеството на децата во општеството. Детските гласови треба да се слушаат особено кога станува збор за самите нив. Возрасните не треба само да го наметнуваат своето мислење, туку да помогнат да ги пронајдат нашите можности, кои сакаме да бидеме и на кој начин сакаме да се справиме со одредени работи. Дали учениците во вашето училиште имаат прилика да учествуваат во донесувањето одлуки во врска со нивниот училишен живот и училишната работа? Патрисија: Во основно училиште, имавме Ученички совет, но работеше само на хартија. Ние навистина немавме никакво влијание преку тој совет. Во средно училиште, ситуацијата е подобра и имаме шанса да предложиме некои работи што ни се важни. Како пример, имаме можност да предложиме проекти на кои сакаме да работиме и каде сакаме да одиме на екскурзии. Во нашето училиште мислењето на учениците допринесе за отворање на училишната кафетерија. Нико: Во моето основно училиште Ученичкиот совет беше исто така само форма. Во средно училиште, мислењето на учениците има поголема сила. Нашиот Ученички совет беше многу активен во залагањето да има настава само во една смена. Ние сме многу среќни годинава со доградбата на нашето училиште и сега имаме настава само во една смена. Зошто би им препорачале на другите млади луѓе да се пријават за членство во ММС на следниот конкурс? Патрисија: За мене учеството во ММС е едно навистина убаво искуство. Сретнав млади луѓе од различни делови на Хрватска. Имав можност да разменам мислења и искуства и да пораснам како личност. Стела: Во ММС имаме поддршка од возрасни советници и тие ни помагаат да ги формираме нашите идеи. За мене, исто така е важно и убаво искуство. Особено затоа што имам шанса да бидам активна, да направам нешто и да видам дека политичарите ја примиле мојата порака. Автор: Лорена Бенчак и Леа Харча, 7.б; Фото: С. Л. од интернет Оригиналниот напис е објавен во училишниот дигитален магазин Klinček Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска Гостин уредник - Србија На наше големо изненадување, модерно инклузивно игралиште за деца беше изградено во Чичевац минатата година. Игралиштето го доби името „Игралиште на нашите соништа“, по идејата на нашите децата што го скицираа, но дизајнерите беа студенти и професори на Факултет по архитектура во Белград. Проектот во вредност од десет милиони долари беше спроведен со финансиска и логистичка поддршка на УНИЦЕФ и општина Чичевац како ко-финансиер. Отварањето ќе се одржи во мај 2020 година. На крајот на јануари игралиштето доби дозвола за користење, и официјално со оваа дозвола игралиштето е безбедно за употреба. Поради оваа пригода ние бевме посетени од новинарите на РТС кои известуваат за УНИЦЕФ за игралиштето и за нашиот град. Тие претходно ја снимаа локацијата и приказната за нашите деца пред изградбата на игралиште, а сега дојдоа да ја заокружат приказната со нови детали. Ние и поставивме неколку прашања на Јелена Терзиќ, новинарка, која исто така е и шеф на екипата која дојде во Чичевац. Зошто сте тука денеска?
Какви се вашите впечатоци од Чичевац?
Кога и каде можеме да ја видиме приказната што ја снимате?
Ги прашавме децата кои што беа на снимањето за игралиштето. Сите се согласија дека е различно и многу интересно. Тие ни открија дека играат многу често тука. Тие впрочем го замислувале на поинаков начин, но кога ги прашавме дали нивните идеи се подобри, сите се согласија дека игралиштето е најдобро можно изненадување и дека е многу подобро од која било од идеите што ги имале. Ние сме многу благодарни на УНИЦЕФ за ваквиот неверојатен поклон и што му овозможи на Чичевац да има толку интересно и прекрасно место за деца.
Новинар: Мина Стојановиќ Оригиналниот напис објавен во онлајн дигиталниот весник на следниов линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска Гостин уредник - Србија Топлата зима без снег и ниски температури го направи своето. Во Србија, како и во нашиот мал град, владее грип. Поради епидемијата на грип, зимскиот распуст се продолжи - наместо на 18.2.2020 година, учениците ќе започнат со училиштето на 24.2.2020 година. Министерството за образование ја донесе оваа одлука со цел да престане да се шири грипот низ училиштата. Сепак, овие денови секој е болен, вклучувајќи го ја и новинарката која ја пишува оваа статија. Како што сме информирани, во градинката „Чаролија“ овде во Чичевац, до 90% од децата деновиве остануваат дома, некои од нив се болни, некои се плашат да не се разболат. ![]() Разговаравме со д-р Иван Стефановиќ, педијатар во Здравствениот дом во Чичевац и го прашавме како можеме да се заштитиме од грипот доколку не се вакциниравме навреме, и што да правиме доколку се разболеме. Кaкви мерки треба да се преземат во случај на грип?
Кој лек треба да им се даде на децата за лекување на висока температура?
Кои се симптомите на грипот?
Кои се можните компликации?
Која полулација најзгрозена?
Дали е овој вирус поопасен од оние во текот на изминатите години?
На што треба луѓето да посветат посебно внимание?
Доколку не сте болни, избегнувајте јавни собири и не посетувајте ги оние кои имаат грип бидејќи е станува збор за заразна болест. Ако сте болни, пијте топол чај, одморете се и консумирајте овошје кое содржи многу витамин Ц. Ако вашата состојба не се подобри, посетете го вашиот лекар. Нашиот педијатар д-р Иван Стефановиќ уредува одличен портал за деца, каде можете да добиете многу корисни информации: http://zdravoisrecnodete.rs Оригиналниот напис објавен во онлајн дигиталниот весник на следниов линк. Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска |
ArchivesCategories |