Гостин уредник - РоманијаБидете наставник денес. Сепак, наставниците можат и мора да го подобрат своето учење. Тие мора да еволуираат и да ги апсорбираат современите техники за комуникација; тие мора да бидат точни, креативни, интересни. Но, пред сè, тие мора да бидат мотивирани, страствени за својата работа; која е тешка задача и е основна за општеството. Можеме да започнеме со идејата за „модел училиште“: тоа обезбедува безбедни згради, удобни столови и пространи училници, до 20 ученици на час, добро подготвен и надграден персонал на наставници, сложени и разни наставни ресурси. Тоа е училиште кое никого не остава зад себе затоа што е организирано да го извлече најдоброто од секого. Училиштето денес мора да биде посериозно од кога и да било. Тоа мора да стане алтернатива на контрадикторниот свет во кој живееме, за да можеме да направиме учениците да се чувствуваат безбедно, да ги „превоспита“ децата и младите да учат, да се ангажираат и да се стремат. Наставата не е лесна, но мора да размислиме за тоа што „сѐ треба да направат наставниците“, наместо да ги обвинуваме учениците, родителите или општеството за тоа што не е во ред. Еве неколку совети за тоа како ги водите часовите, дури и најтешките, како да ги привлечете и да ги задржите учениците внимателни, како да го добиете незаменливиот авторитет, како да ги мотивирате учениците.
Наставник мора да научи како да учи. Наставникот мора да сака да предава. Едно лице не може да стане наставник по дифолт. Автор: GROSEANU-LUNGU TEODORA-EVA -VII B Оргиналниот напис е објавен во училишниот дигитален весник Media gerner@tion на следниов линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments
Leave a Reply. |
ArchivesCategories |