11/12/2020 0 Comments 1-ви декемвриГостин уредник - Романија1 декември, за нас, романскиот народ, значи: среќа, радост, сите чувства што можат да изразат гордост во нашата земја. Земја што со текот на времето помина низ многу, но целата болка и страдање исчезнаа кога на 1 декември, романците се собираат пред своите ТВ уреди или одат на самото место и ја гледаат, со рака на срцето и солзи во нивните очи, „Парадата на 1 декември“. Што значи 1 декември? Можеби некои луѓе се прашуваат: „Зошто овој ден?“, Бидејќи на 1 декември 1918 година, во Алба Јулија, се склучи „Големиот сојуз“ на Буковина, Бесарабија и Трансилванија со Кралството Романија, склучен под раководство на кралот Фердинанд де Хоенцолерн. Всушност, сојузот за прв пат беше склучен во 1600 година, од страна на принцот Michael the Brave, но траеше само до 1601 година. Како го славиме 1-ви декември?
Обично, секоја година, ние, како народ, го славиме 1 декември преку таканаречената „Парада на 1 декември“ или накратко, го славиме овој ден со учество на воената парада. Bелам обично затоа што оваа година, пандемијата Ковид-19 ни ја одзема радоста да учествуваме на парадата. Убеден сум дека повеќето од нас се надеваат дека овој посебен ден за романскиот народ ќе биде како завој ставен на раните предизвикани од вирусот Ковид-19. Но, веста дека парадата ќе се одржи без гледачи, падна како молња врз Романците од целата земја. Да, парадата се одржа, но не традиционално, не беше како другите години, кога романските војници маршираа околу Триумфалната капија, а борбените авиони летаа над небото и ги делеа облаците на помали парчиња. За мене, како млад граѓанин на Романија, фактот што 1 декември повеќе не мож да се слави и почести како што треба, ми остави горчина во душата, но ми остана надежта дека следната година ќе бидам безбедна, и присутна на Триумфалната капија на 1 декември! Автор: Ioniță Liviu VII B Оргиналниот напис е објавен во училишниот дигитален весник Media gerner@tion и може да се најде на следниов линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments
Leave a Reply. |
ArchivesCategories |