Л.А. ИН-ФОРМАТОР
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
Search by typing & pressing enter

YOUR CART

21/6/2020 0 Comments

Што кажуваат децата за лажните вести

Гостин уредник - Романија 

Глобалната пандемија предизвикана од новиот коронавирус доведе до влошување на феноменот на лажни вести, со загрижувачки ефекти врз сите, но особено врз децата и младите луѓе кои под ризик да бидат претерано изложени на информации кои можат да станат избор на стрес за нив. Националната консултација спроведена од Save the Children Romania на деца и млади луѓе на возраст помеѓу 12 и 19 години откри, за моменталната ситуација со КОВИД-19:

Извори на информации
  • Веб страници - 49%
  • Социјални мрежи/ блогови - 24%
  • ТВ емисии - 57%
  • Разговор со родители - 31%

Потврдување на точноста на информациите
  • 49% - Понекогаш, ретко или никогаш не ја проверуваат веродостојноста на информациите
  • 67% - Повеќе извори
  • 17% - Се консултираат со личност која ја познаваат
  • 11% - официјални избори

Веродостојноста на изворот
  • 48% од децата знаат што се лажни вести
  • 22% тврдат дека на телевизија и во весниците не може да се емитуваат лажни вести

Анализата е спроведена преку онлајн анкета помеѓу 10 и 16 април, на која одговориле 819 деца на возраст меѓу 10 и 17 години од 32 окрузи и Букурешт.

Со оглед на зголемената употреба на социјалните мрежи и интернетот од страна на децата, но исто така и на родителите во тековниот период, ширењето на лажните вести и на штетните ефекти како што се дезинформации, важно е да бидат свесни за овој феномен на лажни вести и да знаат како да го препознаат.
​
За да придонесат кон точноста на информации и во борбата против феноменот на лажни вести, организацијата на Save the Children Romania, ги поканува родителите и децата на специјализирани консултирања, препораки и серија од вебинари. 
Picture
КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ?

  • Дали тие ви предизвикуваат силна емоционална реакција? Дали поради нив чувствувате страв, одвратност или бес?
  • Дали прават да се чуствувате посебно? Како да имаат пристап до информација за вас која што не секој ја знае?
  • Дали вестите ви личат како возбудливи, тајни или итни?
  • Дали се чувствувате како да не може да престанете да гледате или постојано пребарувате? Дали го чувствувате импулсот на купување?
  • Дали речиси звучи премногу добро за да биде вистинито? Или можеби премногу лошо за да биде вистина?

Што се лажни вести?
​

Лажни вести се написи или текстови придружени со слики или видеа, кои имаат намерна цел да ги дезинформираат и презентираат фактите на погрешен начин. Целта на лажните вести, често спаѓа во две категории кои се вкрстуваат:
  • Финансиска добивка – со привлекување што е можно повеќе прегледи или со барање пари директно од корисниците, поткрепувајќи се на итност, опасност, авторитет итн.
  • Социјално влијание – со обидување да се постигнат промени во социјалното или политичкото ниво со потенцирање на перспективата “ние наспроти нив”. Лажните вести најчесто се шират преку социјалните мрежи и интернетот, но понекогаш може да се појават и во класичните медиуми (ТВ, радио, весници и сл.)
Picture
Како можете да проверите дали веста или содржината е лажна?
​
  • Проверете го насловот или текстот – Дали има пресуди/ казни? Дали е возбудлива?  Ако одговорот е да, тогаш би било корисно да пребарате како вестите се презентирани на други страници или канали.
  • Проверете го изворот – Дали лесно може да го идентификувате авторот на статијата и организацијата за која што работи? Дали тие се докажани новинари или пак акредитирани медиуми?
  • Проверете ги перспективите – Дали се презентирани сите гледишта? Вистинските вести ќе бидат непристрасни, и ќе се обидат да ги претстават ставовите на сите страни вклучени во една ситуација.
  • Проверете ги мислењата – Дали авторот го дава своето мислење? Новинарите нема да го искажат своето лично мислење за ситуацијата. Доколку статијата станува субјективна, тогаш е добро да се знае дека презентираната информација е мислење, а не вест.
  • Проверете ги цитатите – Дали оргиналниот цитат или изјава постои во друг извор? Дали е пренесено делумно, надвор од контекстот или целосно? Вистинските вести цитираат други познати новинарски агенции, официјални веб-страници, искусни субјекти или назначени претставници од надлежните органи.
  • Проверете ја поврзаноста на фотографиите или сликите со текст. Користените фотографии треба да бидат директно поврзани со информациите во текстот. Можете да проверите дали фотографијата ја има и на друго место
  • Проверете го датумот – Дали има датум? Дали е сегашен? Важна информација во 2018 година може да има различно толкување во 2020.

Препораки за учениците
  • Научете да ги препознавате знаците дека веста е лажна! Ако веста е сензационална, категорична или предизвикува емоции на страв, одвратност или лутина, постои голема шанса да се работи за лажни вести.
  • Бидете скептични во врска со изворите на вестите. Ако звучи премногу добро или премногу лошо за да биде вистина, добро е да се запрашате што читате или гледате на интернет.
  • Пристапете кон вашите најблиски со доверба. Доколку не сте сигурни за нешто што сте го виделе или прочитале на интернет, обратете им се на родителите или наставниците. Доколку тоа е нешто што тие не би го знаеле, пребарајте ги информациите во сигурни официјални извори.
  • Размислете пред да споделите! Ширењето лажни вести може да има негативни последици врз другите, затоа не ширете ги информациите ако не сте сигурни дали се точни.
  • Проверете со експерти. Обратете им се на вашите пријатели од доверба ако сакате да проверите дали веста е точна или лажна.
 
Автор: Păunică Ana Renata- V-а
Фотографиите се преземени од www.salvaticopiii.ro

Оргиналниот напис е објавен во училишниот дигитален магазин Media Gener@tion

​
Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

21/6/2020 0 Comments

Фејсбук знае сѐ за вас

Гостин уредник - Романија 

Рекламна кампања за нова видео игра, Watch Dogs, ненамерно откри како корисниците на Фејсбук се изложени на откривање на нивните лични податоци и однесување.

Кампањата, наречена “Digital Shadow”, моментално достапна само во САД, бара дозвола за пристап до сметката на корисникот, а потоа отвараат цело “досие”, со сите податоци за корисникот, исклучително детално “досие”.
​
“Digital Shadow”, прво ги користи фотографиите кои ги објавувате јавно, а потоа ги прегледува вашите пријатели. Оние со кои комуницирате најмногу, со оние со кои не комуницирате воопште, оние со кои што сте сакале да стапите во контакт итн.
Picture
Тие знаат кога сте активни на Фејсук и каде се наоѓате. Тие креираат еден вид на профил заснован на вашата активност. Но, кампањата е ефективна онолку колку вашите лични поставки се неефективни. Колку повеќе поставки, толку повеќе информации ќе дадете.

На пример, ако користите лојална картичка во продавница, вашата зачувана историја на купување може да биде искористена за да знаат кои Фејсбук реклами да ги постават на вашиот ѕид (newsfeed). Собирач на податоци ги собира овие податоци од продавниците. Прозиводителите ги купуваат овие податоци и ги користат за корелација на податоците за продажба со сметките на Фејсбук.
​
Историјата на локација е зачувана од страна на Фејсбук и други компании на различни начини: IP-адреса, безжични мрежи. Да предпоставиме дека компанијата која произведува лекови против настинки, цели на област каде оваа состојба е вообичаена, така што според локацијата знаат на чив Фејсбук да препорачуваат ваков тип на лекови.
Picture
Фејсбук има производ наречен Pixel. Pixel покажува дали реклмата на компанијата пристигнала до вистинските луѓе, користејќи стотици илјади страници и апликации што ги собираат податоците од прелистувањата. Фејсбук ги користи овие информации и оние од сметката на корисникот за да избере кои реклами да ги постави на вашиот ѕид (newsfeed).

Сепак, можете да ги ограничите овие реклами во поставките на апликацијата.
Најпосле, овој посебен вид маркетинг, создаден за таа игра, само ќе ги предупреди корисниците на Фејсбук и ќе ги натера да размислат двапати пред да објават нешто.

(извор: huffingtonpost.com)

Автор: Liviu Ioniță - VI B
Фото: интернет

Оргиналниот напис е објавен во училишниот дигитален магазин Media Gener@tion

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

17/6/2020 0 Comments

Млада фудбалска надеж на Партизан и Србија – Страхиња Паловиќ

Гостин уредник - Србија 

Фудбалскиот клуб Партизан им дава можности на младите фудбалери кои штотуку ги започнуваат своите кариери. Страхиња Павловиќ, млад играч, потпиша професионален договор со Партизан, иако има само 17 години.

На денот пред да наполни 18 години, на 23 мај 2019 година, Павловиќ го освои својот прв трофеј во професионалната кариера со Партизан, откако ја победија Црвена Звезда во финалето на купот на Србија на стадионот “Рајко Митиќ”. Една година подоцна, за него сите имаа слушнато. Покрај тоа што игра за Партизан, тој игра и за репрезентацијата на Србија. Многу големи европски клубови го сакаа Павловиќ во нивниот тим, и на крај, тој потпиша договор со Монако.
​
По повод денешниот Меѓународен ден на спортот, направивме интервју со овој млад фудбалер. Ексклузивно за нашиот магазин, Павловиќ зборува за неговите школски денови, кариерата, односот со навивачите, тренинзите за време на коронавирусот и неговите планови за во иднина. 
Picture
​Какви сеќавања имате од основното и средното училиште?
Имам многу убави спомени и од основно и од средно училиште. Во основно училиште стекнав многу пријатели, со кои сѐ уште имам контакт. До седмо одделение учев во основно училиште во Шабац, но потоа се преселив во Белград каде што завршив осмо одделение и средно училиште.
 
Дали го сакавте училиштето и колку време имавте за него?
Го сакав училиштето додека бев во Шабац. Омилен предмет ми беше историја. Учествував на натпревари и бев одличен ученик. Имав време за сѐ, да посетувам редовна настава, тренирам и имав слободно време за себе. Кога се преселив во Белград имав многу малку време за училиште, бидејќи знаев дека фудбалот е она со што сакам да се занимавам и дека сакам да станам професионален фудбалер. Се разбира, не можев да го напуштам училиштето. Присуствував на училиште онолку колку што можев. Кога влегов во првиот тим, бев втора година средно училиште. Ја завршив втора година, но не можев да продолжам понатаму.
 
Кој е вашиот омилен меѓународен натпревар и зошто?
Омилен натпревар ми е сигурно оној со Молде, кога ги победивме таму како гости. Секако, натпреварите против Мачестер се одлично искуство. Жал ми е што не ги победивме во Белград.
 
Дали ви е жал што си заминувате од Партизан?
Секако дека ми е жал што морам да заминам. Дојдов во Партизан како четиринаесетгодишно момче. Со нетрпение чекам нови искушенија и шанси за да се докажам. Чуствата ми се измешани.
 
Каков однос имате со навивачите?
Сите играчи имаат одличен однос со навивачите. Многу сме задоволни што ги гледаме во голем број на стадионите. Кога луѓето доаѓаат да те гледаат, тоа е мотив, и имаш поголема желба за победа.
Picture
Колку Гробарите (навивачката група на Партизан) му помагаат на Партизан?
Тие секогаш ни помагаат и нѐ мотивираат. Без навивачите фудбалот не би бил ист. Имаме прекрасни навивачи.
 
Како ја “преживеавте” домашната изолација?
Не ми беше тешко. Поминував време со семејството, гледав филмови, читав книги, играв Sony Play Station... Не ми недостасуваше ништо, освен фудбалот. Ако имавме натпревари или трениравме, немаше да почуствувам ништо. Тренирав секој ден. Ја искористив изолацијата за да подобрам некои работи кои мене ми недостасуваат во фудбалска смисла, се разбира.
Како ја одржувавте вашата физичка кондиција?
Секој играч доби своја програма по која работеше. Што се однесува до трчањето, на почетокот не трчав, се додека нѐ ни дозволија, но од почеток трчав на лента за трчање.
 
Дали имате порака за децата кои се заинтересирани да се занимаваат со спорт?
Секако дека имам порака за нив. Многу е важно да верувате во себе, како и да имате поддршка од вашето семејство. Тешката работа секогаш сѐ вреднува, и јас сум вистински пример за тоа!
 
Фотографии: Партизан
Посебна благодарност до Билјана Обрадовиќ, менаџер на Партизан
 
Автор: Сања Ивановиќ

Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк

​
​
Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

17/6/2020 0 Comments

Слободен печат, што значи тоа?

Гостин уредник - Србија

Светскиот ден на слободата на печатот се слави на 3 мај низ целиот свет.
​
Адресирана е слободата на говорот која што е загарантирана со Универзалната декларација за човекови права. Поточно, им се дава поддршка на сите новинари за да можат да работат без страв и притисок, а се со цел сите луѓе во светот да имаат најобјективни информации за политика, економија, здравство, наука, интернет, спорт и многу други теми.
Picture
Имајќи го ова во предвид, слободата на печатот е право на сите луѓе, не само на новинарите. За оваа пригода и одбележувањето на овој датум, претставникот за слобода на медиумите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Харлем Дезир, изјави дека нашето здравје, кога зборуваме за моменталната ситуација со пандемијата Ковид 19, зависи од достапноста на здравствените институции, како и од веродостојните информации во врска со самата пандемија. Лажните информации се насекаде, особено на социјалните мрежи, но исто така и на контрилораните медиуми. Ова е причината зошто е важна објективноста! Се инсистира на одговорно и професионално однесување на новинарите.
​
Вонредната состојба во Србија имаше свое влијание врз редовното времетраење на учебната година, така што нашите ученици, наставници и родители беа принудени да се прилагодат на електронскиот начин на настава. Медиумите се оние кои се одговорни за пренесување на информациите на најдобар начин за да се одржува моралот, ритамот и работните навика на учениците. 
Picture
Слободата на печатот е многу важна, бидејќи е важно да се слушнат двете страни на која било дадена тема. Според мене, во Србија нема слобода на печат затоа што овде медиумите се изложени на економски притисок, како што се нередовни приходи, раскинување на договори, закани, како и зависност од субвенциите на владата.

Автор: Николина Ристиќ
Фотографии: Markus Spiske на Unsplash

Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк

​
Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

1/6/2020 0 Comments

Семејството Еразмус+ повторно заедно

Гостин уредник - Хрватска

Тони нѐ изненади сите со тоа што не покани на онлајн собирот за одбележување на годишнината од последната размена на ученици во проектот “Small step for film, and big one for European citizenship”.
 
Вечерта пред Денот на Европа (кој се одбележува на 9 мај), дел од тимот (22 ученици и наставници) на нашиот поранешен Еразмус + проект “Small step for film, and big one for European citizenship”, се собраа на видео состанок. Средбата беше иницирана од страна на ученикот од Шпанија, Juan Antonio Villegas Nieto, или Тони, како што го викаме ние.
​
Убаво беше да ги видам лицата од Италија, Полска и Шпанија, со кои минатата година имав прилика да се дружам во живо. Секако, видео дружењето не е исто како и дружењето во живо, на моменти разговорот не течеше непречено, но сепак се разбиравме, и ги обновивме сеќавањата од деновите поминати заедно на нашите размени.
Picture
Како и порана за време на размените, и сега нѐ засмејуваше наставникот Giuseppe. Овој пат со заштитна маска на лицето, со која се појави на почеток на средбата.
​
Неговата колешка, директорката Francesca, спомена дека сега, во оваа ера на онлајн настава, тие ги наоѓаат многу корисни сите знаења за дигиталните алатки за кои учевме во текот на проектот. На нашата видео средба се придружи и координаторката Sara со нејзината неколкумесечна ќерка. Таа не информираше дека во Шпанија сложената ситуација сѐ уште продолжува и дека жителите сѐ уште не можат да излегуваат кога сакаат, и мора да го почитуваат времето определено за секоја група на жители (стари лица, деца..) и во зависност од активностите кои сакаат да ги извршуваат (на пр. Шетање на миленици...).
Picture
Picture
​Полскиот координатор Jolanta, која работи во Англија од оваа учебна година, ја замени нејзината колешка Renata. Renata има желба да научи шпански, па ни ја покажа книгата која чека на неа за да учи. Можеби тоа ќе биде корисно за неа за некоја нова Еразмус + размена во Шпанија. Хрватската наставничка по англиски јазик Martina истакна дека е подготвена за размена бидејќи знае малце шпански. Можеби и на некои ученици од нашето училиште ќе им биде од корист да научат по некој збор на шпански, бидејќи вчера се договорија дека за време на размената како дел од тековниот проект “Young journalist…” со Тони и некои други колеги од претходниот Еразмус + тим. Во март, беше планирана посета на шпанскиот град Сиудад Реал, кој е одалечен 50км од Манзанарес, како дел од новиот проект Еразмус +. Штета што тогаш повеќе нема да бидам ученик во ова училиште. 
Picture
Picture
Имаше неколку смешни моменти бидејќи нашиот координатор и библиотекар Stojanka го остави вклучен лаптопот во текот на повикот, бидејќи во спротивно повикот ќе прекинеше. Но, таа заборави да го исклучи микрофонот, така што слушнавме сѐ што зборуваше додека беше на терасата. Во еден момент, нејзиниот сопруг влезе во собата и помина покрај лаптопот пред камерата, на што сите се смеевме.

Драго ми е што бев дел од овој проект и што една година по завршување на проектот, се слушнавме и се видовме повторно. Тоа е знак дека сите се поврзавме преку овој проект и станавме едно големо семејство Еразмус+.

Автор: Paola Tukša, 8а;
фотографија: P. T. и S.L.

Оригиналниот напис е достапен во училишниот дигитален магазин Klinček

​
Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

1/6/2020 0 Comments

Аудио описот и насловите за филмот “Money” се придонес на учениците од основното училиште Св. Петар Ореховац во интеграцијата на глувите и с

Гостин уредник - Хрватска 

Вчера нашите родители слушнаа што ние научивме за можностите за комуникација со глувите и слепите лица

По работилницата ˝Let’s watch film together˝, спроведена како дел од проектот ˝With sensibilization to integration˝, ги исполниве последните две задачи од овој проект. Направивме преводи за филмот ˝Money˝, за да го прилагодиме филмот за глувите лица и лицата со оштетен слух. Филмската секција на нашето училиште, исто така, направи аудио описи за да им овозможи на слепите лица и лицата со оштетен вид, исто така да можат да го “гледаат” нашиот филм.

Не беше тешко да се заврши оваа задача, бидејќи за време на работилницата ˝Let’s watch film together˝, видовме два добри примери од филмот ”Uzbuna na Zelenom vrhu”. Исто така, учениците од нашата филмска секција ни помогнаа, тие претходно работеле на програмата Уредување на преводи, за да направат преводи.
​
Во време на нормална настава, ние би го посетиле Центарот за образование и рехабилитација Vinko Bek како би ја ја презентирале нашата работа на нивните ученици, но можеби ќе имаме можност да го направиме тоа следната учебна година.
Picture
Последната задача во овој проект, да им презентираме на нашите родители што ние сме направиле, беше изведена поинаку, бидејќи сѐ уште имаме настава од далечина и онлајн часови, така што не можевме да имаме средба со родителите во училиште. Вчера нашите родители имаа состанок на апликацијата Viber, така што имавме можност да ја вклучиме нашата презентација за овој проект во агендата на состанокот.
​
Споменатиот проект беше спроведен со основните училишта Petar Zrinski од Загреб, Pećine од Ријека, и Dobriša Cesarić од Осиек, а проектот беше координаран од Association for promotion of creativity and equal possibilities Alternator (Здружение за промоција на креативноста и еднакви можности Алтернатор). Споменатото здружение донираше проектори за сите учесници од училиштето во проектот. Ние го дадовме нашиот проектор во подрачното училиште Bočkovec. За време на овој проект, станавме повеќе свесни за глувите и слепите лица како рамноправни членови на општеството и дека тие исто така имаат право на културно образование како и сите останати. Насловите и аудио описите кои ги подготвивме се мал придонес за интеграцијата и се надеваме дека ќе има повеќе адаптации во иднина, бидејќи сме должни да го сториме тоа од Директивата за аудио – визуелни медиумски услуги. Директивата беше донесена од парламентот на ЕУ во 2018 година и пропишува обврски за задолжителен пристап до медиумски услуги на слепи лица и лица со оштетен вид и глуви лица и лица со оштетен слух.
Picture
​На линкот, можете да го погледнете филмот ˝Money˝ во две верзии, една за слепи лица и лица со оштетен вид, и една за глуви лица и лица со оштетен слух, и исто така може да ја погледнете нашата презентација за проектот, и агендата од состанокот на родителите од одделението 6-б.
Picture
И за крај, да споменеме дека Здружението Алтернатор донираше проектори на сите учесници од училиштата во проектот. Ние го дадовме нашиот проектор во подрачното училиште Bočkovec.

Автор: Ивона Силади, 6.б

Огриналниот напис е достапен во училишниот дигитален весник Klinček

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments
    претходно: 2020 април
    следно: 2020 октомври

    Archives

    June 2020

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.