16/4/2020 0 Comments Децата се ваше огледалоГостин уредник - СрбијаУчилиштето за глума на познатиот актер од Крушевец, Дејан Тончич, на препорака на медијаторката Јелица Милосављевиќ, организираше представа под наслов „Децета се ваше огледало“. Тие ја спремија представата, пред се, сакајќи да опоменат за постоењето на врсничкото насилство, а до идеата дојдоа по потресната минато годишна случка во Круцевац, во која едно девојче беше претепано од други две девојчиња. Изведбата се организираше во Културниот центар во Чичевац на 27-ми февруари 2020 година во 7 часот. Влезот беше бесплатен, бидејќи Општината Чичевац ги откупи сите влезници. На настанот присуствуваа голем број на луѓе, деца и родители од Чичевац, и свечената сала во Народната библиотека беше преполна. Првиот дел од представата беше посветен на темите: врсничко насилство, фамилијарните ситуации на учесниците во конфликти и медијацијата после вакви конфликти. Вториот дел од јавниот час беше музичка еволуција, имитации и крајната порака. Представата беше напишана од страна на Дејан Тончич и Јелица Милосављевиќ и таа претставува опомена за врсничкото насилство и важноста на медијацијата после насилство со цел за мирно решавање на конфликтот. Во представата учествуваа глумците / тинејџери: Ана Тодоровиќ, Милица Бичанин, Катерина Марковиќ, Томислав Алексиќ, Кристина Николиќ, Јована Раденковиќ, Милена Михајловиќ, Војин Чуриќ, Наџа Вучковиќ, Мила Раденковиќ, Марко Стошиќ и Мила Тончиќ. Нашата новинарка Николина за време на „Јавниот час“ го научи следново: „На најмладите мора да им се поставуваат граници и да им се даваат модели на однесувања како пример за да научат да почитуваат и да бидат почитувани назад. Факт е дека на родителите не им е лесно, децата во нив треба да гледаат како на пример, пријатели, нои воспитувачи и авторитет. Постојат безброј проблеми и затоа многу родители недостатокот на времето или вниманието се обидеуваат да ко надоместат со купување на скапи работи, модерни телефони, таблети и сл. Има и такви кои се незадоволни од сопствениот живот и своето незадоволство го „лечат“ преку децата. Нивните деца се првенци на генерација, освојуваат дипломи, но се длабоко несреќни бидејќи за сите нивни достигнувања нема да добијат убав збор, љубов и прегратка која највеќе им е потребна и највеќе ја посакуваат. “ Треба да им обратиме внимание кога кај децата ги бараме маните, ги омоловажуваме и за најмали грешки бидејќи ДЕЦАТА СЕ НАШЕ ОГЛЕДАЛО.
Автори: Јелица Јовиќ, Дарија Радојковиќ и Николина Ристиќ Фото: Николина Ристиќ Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк Превод на натписот: Љ. Ружинска
0 Comments
16/4/2020 0 Comments МладенциГостин уредник - СрбијаСрбија е земја со богата традиција и верски празници. Празникот кој се прославува на 22 март се нарекува Младенци. Во Чичевац, Младенци се прославува како градска слава секоја година на градскиот плоштад, свечено со многу гости од други места, со музика, со храна и пијалок. Бидејќи оваа година на сила е полициски час пореди состојбата со Ковид-19 вирусот, оваа година нема прослава, но затоа можеме да се потсетиме на овој убав празник. Овој празник е посветен на сеќавање на четириесетите свети маченици од Севастија кои во умреле поради нивните христијански верувања во 320 година. Бидејќи сите маченици биле млади мажи, се одлучило да овој празник биде посветен на младенците, младите луѓе кои само што стапиле во брак. За овој празник, обичајот е младенците да примаат гости во својот дом на слава, која е посна бидејќи Младенци е секогаш за време на велигденските пости, додека гостите им даваат поклони. Тогаш е можност, домаќинката да си ги покаже своите кулинарски способности. Најпознатиот обичај за овој празник е да домаќинката стане рано наутро и да меси колачи од пченично брашно кои после ги премачкува со мед. Вакви колачи има четириесет, како симбол на четириесете маченици од Севастија. Овие колачи исто така симболизираат сладок и убав брачен живот за младенците. Прославата на Младенци, како празник на младите брачни парови стана популарен во седумдесетите години од претходниот век. Исто така, низ народната традиција, овој празник може да се поврзе и со Белата недела, кога свекрвите ги изнесувале своите снаи за да ги покажат низ заедницита, ги носеле во црква или во заедницита на мажените жени.
Од Младениц како најголема симболика на празникот се веќе споменатите четириесет колачиња. На крај можеме само да им честитаме на младите брачни парови и да им посакаме долг, мирен и убав брачен живот. Автор: Мина Стојанкович Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк Превод на натписот: Љ. Ружинска 14/4/2020 0 Comments Интервју со Клара Лопез КантосГостин уредник - ШпанијаКлара Лопез Кантон (родена во Томелозо, Сиудад Реал, 1987 година). Визуелен уметник и истражувач. Таа има докторат за уметност од Универзитетот Кастилја-Ла Манча, и магистратура за постдипломски студии за современа култура, книжевност, уметнички институции и културолошка комуникација од Универзитетот Кастилја-Ла Манча (Ортега и Гасет Институт на Универзитетот Комплутенс во Мадрид). Во текот на нејзината професионална кариера, таа работела на пластични уметности, аудиовизуелни уметности и едукативно опкружување. Исто така, таа прими признанија за обуки од УКЛМ и Министерството за образование. Како уметник и истражувач, таа одржа говори и го сподели своето знаење, како во тимови така и индивидуално на национални и меѓународни настани. Таа работела на Одделот за уметност на „Калеидоскоп“, проекти за наука и култура на УМХЕ, Универзитетот Мигел Ернандез во Елче. Таа била предавач на уметничка и аудиовизуелна обука во некои образовни проекти на унизерзитетот. Таа исто така придонела на филмскиот фестивал “ROS”, филмска конвенција за научно фантастични филмови со роботи, осврнувајќи се и на теми и модели кои се на половина пат помеѓу уметноста и технологиите. Била уредничка на списанието “Resistence Box”, и основач на Асоцијацијата на културолошки акцент. Таа била и режисер во документарните филмови “A too human dog” и “Words have eyes too”. На 18ти јануари 2020 година, таа одржа предавање за видео-поезија во општинската библиотека Сиудад Реал. Ова беше причината поради која решивме да ја исконтактираме. Дали е вашата кариера и работа она што очекувате да го имате? КЛК: Па да, ова е она што го сакав. Морам да признаам дека за да го постигнам ова, морав да работам и други работи, различни од ова, но ова е она што го сакав, уживам да го работам ова, и сакам да продолжам да го работам ова по секоја цена, зарем не? Уметноста е многу комплициран домен, но кога уживаш во тоа, колку јас, се исплатат сите други задачи кои доаѓаат со неа. Кои техники ги користиш во сликањето и цртањето? КЛК: Јас користам широк спектар на техники во цртањето, сликањето, и во уметноста воопшто. Кога работев како наставник по сликарство 3.5 години, научив за многу техники кои не сум ги користела до тогаш. Мојата омилена техника е цртање со маслени бои, бидејќи има многу текстури и можности. Сепак, додека цртам користам и молив, јаглен, “conté”, водени бои...Кога цртам јас вообичаено комбинирам маслени бои со акрилни, со други текстури, други техники, така што тоа навистина зависи од тоа што правам во тој момент, и потоа го избирам начинот. Но, во принцип, омилена техника ми е сликањето со маслени мои. Кое е најглупавото нешто што сте го направиле пред (или зад) камера? КЛК: Па, повеќето од глупостите пред – добро – исто така ќе кажам и зад камерата, една вечер јас и неколку пријатели излеговме за да снимаме некои случајни места. Влеговме на приватен имот за да снимаме смешно видео, и алармот се вклучи. Кога сфативме, ние веќе бевме опкружени од полицијата. Ние се обидувавме да објасниме дека влеговме таму едноставно само за да снимиме смешно видео, а тие продолжуваа да прашуваат за детали. Потоа ние моравме да им покажеме други видеа на кои што бевме многу патетични, и тие почнаа да ни се смеат. Па, тоа е пред камерата. Зад камерата, па, од техничка гледна точка, како....Што се случи? Колку глупаво! Снимавме важно интервју, за кое ни требаше долго време да го договориме со личноста, и кога веќе имавме снимено 15 или 20 минути, камерманката која ја обучував и јас, сфативме дека не сме го притиснале копчето за снимање. Филмови или серии кои би сакале да ги гледате? КЛК: Па, филм што би сакала да го гледам а сеуште немав можност е последниот на Вуди Ален. Не ми текнува на некои серии кои навистина би сакала да ги гледам. Можеби следната недела ќе откријам некоја интересна серија и ќе започнам да ја гледам. Последната која ја гледав, и навистина уживав беше “Манијак”. Зашто си заинтересирана за уметноста? КЛК: Па, мојата работа е уметност, можам да ви кажам дека сум некако идилично во љубов со уметноста. Тоа е домен кој ни овозможува нови врски и гледишта. Мислам дека уметноста ни помага да одиме напред на креативен начин, и навистина е исплатливо на лично ниво. Ова не е себичен концепт, бидејќи го правиш тоа бидејќи го сакаш, но исто така ви дозволува и дa го дадете вашето мислење за подобрување на светот, зар не? Гледајќи ја уметноста на многу утопичен начин, малку по малку, може да добиеме многу! Дали сте патувале многу? КЛК: Многу? Па, имам патувано, иако многу помалку од она што би сакала. За среќа да, имам живеено на различни места и сметам дека тоа е потребно, бидејќи ви дозволува да опфатите многу гледишта што се корисни за создавање уметност или едноставно да направите рефлексија, зар не? Многу подобро отколку да останете закотвени на едно место. Каде би сакале да живеете? КЛК: Па, не знам во моментов. Мислам, сега, неодамна се вратив од Томелозо, а претходно живеев во Аликанте. Моите корени се тука. Но, тоа не значи дека ќе останам засекогаш тука, знам дека ќе патувам или ќе живеам на други места краток период, но ова е мојот вид на корени. Знам дека не ви одговарам на прашањето, едноставно би сакала да живеам на многу места на краток период, за да можам да впијам од нив, ме разбирате? Би сакала да патувам низ Европа, Латинска Америка, Азиа...Не знам, не знам како да ви посочам едно место. Омилено историско место? КЛК: Омилено историско место? Алхамбра во Гранада. За мене Алхамбра има значење повеќе од било кое друго место, во Алхамбра има многу места на кои би можеле да им се восхитувате, нешто што ве опкружува, а за мене тоа е место каде што сум почуствувала нешто посебно, мислам, како визуелно така и внатрешно. Од културолошко гледиште, моето омилено место е музејот на кралицата Софија, исто така Лувр ме импресионираше многу, и сега за сега, тоа е тоа, но има многу други места кои треба да ги откријам. Како помина обуката за видео-поезија која ја одржавте во Сиудад Реал? КЛК: Оваа обука за видео-поезија која ја одржавме денес, навистина, многу ме изненади. Навистина уживав бидејќи учесницити кои присуствуваа, учениците, беа многу приемчиви на се што слушнаа, теоретски и практично. Лесно е да се ужива во толку добро опкружување, бидејќи комуникацијата навистина добро течеше, зарем не? Тоа е амбиент во кој луѓето се вклучуваат, веруваат во вашето сценарио, и се подготвени да создадат и да направат разлика. Па, Културолошка дружина, ви благодариме за вашиот интерес. Навистина ми се допадна вашето интервју, се надевам дека ќе продолжам да правам многу работи кои мислам дека треба да се направат, да го правам животот пожив, ако можам така да кажам. Бакнежи.
Автори: Културолошка дружина – Марија Хосе, Марија Изабел, Адријан, Клаудија и Кристина. Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска Гостин уредник - ШпанијаВо седмицата од 9-ти до 14-ти март, некои ученици од IES MAESTRE DE CALATRAVA уживаа во престојот во германскиот град Липштат, како проект во рамките на размената на ученици, организирано од нашето средно училиште. За нив тоа беше едно искуство да научат и да се запознаат со германската култура, можност да се воспостават врски помеѓу двете средни училишта и начин за размена на идеи за понтамошно подобрување на двете средни училишта. 22 ученици од прва година Baccalaureate и ESO Secondary трета и четврта година, на возраст од 14 до 16 години, учествуваа и патуваа заедно со двајца наставници. За време на нивниот престој во Лиштат, тие ги посетија и соседните села како Соек, учествуваа во активности како што се игра во која секој тим според дадени фотографии треба да го пронајде местото во градот, уметничко лизгање, присуствуваа на часови со нивните соученици од Германија, и уживаа во спортски натпревари помеѓу училиштата. Последниот ден, кога се враќаа на аеродромот во Мадрид, пристигнувањето беше комплицирано поради ограничувањата поставени од властите, поради пандемијата со Ковид 19 вирусот. И родителите и наставниците копнееја да ги видат во Сиудад Реал, но сите конечно успеавме да се вратат дома, и учениците успееја да се вратат дома и да го споделат нивното незаборавно искуство со семејствата.
Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска 3/4/2020 0 Comments Училиште од 2020Гостин уредник - РоманијаПочнувајќи од 11 март 2020 година, секое училиште или воннаставна активност што можеше да има ефект на изложување на децата и родителите на јавни места, беше укинато, за да се намали ширењето на вирусот Ковид-19. Ова е посебна ситуација и треба да ја разбереме потребата да се применат сите мерки што се преземени од надлежните за нашата безбедност, имено, да останеме дома. Образовниот процес кој е во прекин на одреден период, е заменет со алтернативниот метод на учење, имено: продолжување на учењето на предметот преку онлајн часови. Онлајн часовите се ефективни, бидејќи истовремено се користи и принципот на еднакви можности. Сега, и наставниците и учениците прават напори за да го пренесат воспитниот документ во виртуелниот простор. Пропуштените часови мора да бидат надоместени во физички формат, но приоритет се часовите за кои се вршат проценки, со цел програмата да се направи што е можно пофлексибилна. Во овие периоди на криза, мора да преовладува менталното здравје и благосостојбата на учениците. Нашата паралелка, заедно со наставникот, Воичу-Попеску Корина, ги организираат нашите часови на платформата Meet-Google. Онлајн платформите се едукативни производи до кои учениците можат да пристапат со користење на уред кој претпочитаат да го користат, со резултати слични на приватни часови. Целото одделение беше многу возбудено кога се слушнавме и видовме. Интензивно учиме Романски, и математика, и преку она што нѐ учи наставникот, и преку темите кои треба да ги обработуваме. Комуницираме во овој момент, и сите се чуствуваме како да сме во училницата. Сега да видиме што мислат некои од нашите соученици:
Марин Сара: “Неколку дена работиме онлајн. Јас, лично, сметам дека ова е извонредно. Јас сум многу возбуден за часовите поминати со моите соученици и наставникот. Многу е добро што наставникот одлучи да ги направи часовите така што можеме да го избереме посакуваниот уред кој би можеле да го користиме. Ова значи дека не заостануваме со лекциите и да бидеме искрени, сам, без поддршка и охрабрување од наставниците, јас не би работел многу напорно. Како заклучок, ми се чини извонредно ова што го правиме. ” Сега, да видиме што нашиот соученик, Стефан Даниел, има да каже: “Најпрвин бев малку исплашен околу онлајн часовите, бидејќи не знаев ништо околу тоа, но стравот исчезна со првите зборови на нашиот наставник на кому му се заблагодаруваме што е трпелив со секој од нас. Се чуствувам среќен што учествував на овие часови, заедно со моите соученици, каде што покрај наставниот предмет, научив од мојот наставник исто така како да употребувам и образовна платформа.” И последен, но не помалку важен, нашиот соученик, Гуса Бјанка: “Јас сум задоволен што се состанувам онлајн со мојот наставник и соучениците. За среќа, наставникот пронајде вистинско решение за сите ученици да ги продолжат часовите. Сметам дека е многу добра одлука да поминувам часови во онлајн средина, така што технологијата може да се користи и на корисен начин.” Како и моите соученици, и јас ги споделувам истите чувства и мислам дека и покрај тоа што сите најпрво бевме вознемирени, сега сме среќни, и ние и нашите родители, затоа што можеме да продолжиме со нашето образование. Автор: Мариа Алекиа Попесчу, 4В одделение Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник Media Gener@tion и може да се најде на следниот линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска Гостин уредник - РоманијаЕпидемијата на Ковид – 19 вирусот може да биде стресна за секого. Стравот и вознемиреноста создадени поради оваа епидемија можат да бидат огромни и да предизвикаат силни емоции во нас. Справувањето со стресот, ќе нѐ направи нас, луѓето за кои се грижиме и нашата заедница посилни. Секој реагира различно на стресни ситуации. Како ние ќе реагираме на оваа епидемија, може да зависи од нашата средина, работите кои нѐ прават различни од другите луѓе и заедницата во која живееме. За нас, тинејџерите, важно е да останеме дома, да ги почитуваме правилата и да не забораваме да одржуваме контакти со нашите соученици и наставници преку интернет. Да се грижиме за нас самите, нашите пријатели и нашето семејство може да ни помогне да се справиме со стресот. Но, најважно, е да се обидеме да ја подобриме нашата позитивност. 5 совети како да го направиме тоа:
Наместо да се грижите за тоа што не можете да го контролирате, фокусирајте ја својата енергија на она што можете да го создадете.
Автор: Наоми Гуса, VIII A Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник Media Gener@tion и може да се најде на следниот линк Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска 28/3/2020 0 Comments Огласувачите кои користат скриено рекламирање во содржините на инфлуенсерите, ја искористуваат детската наивностГостин уредни - ХрватскаВо Хрватска сриеното рекламирање во новите медиуми сѐ уште не е контролирано како на телевизија На нашата неодамнешна средба на новинарската група, разговаравме за етиката во новинарството. Дискутиравме за скриеното рекламирање и споменавме неколку примери од весниците и телевизијата. Разговаравме за тоа дека ваквиот вид на рекламирање се казнува низ целиот свет и во Хрватска. Дознавме и дека нашиот закон предвидува казна и до 1 милион куни (131.000 €). Дојдовме и до заклучокот дека огласувачите се свесни за фактот дека младите луѓе се помалку ги следат весниците и телевизијата, така да се повеќе скриени огласи има во содржините кои ги објавуваат инфлуенсерите. Исто така, огласувачите го искористуваат тоа дека ваквиот вид на огласување преку новите медиуми, се уште не се контролира како телевизиското рекламирање. Затоа одлучивме малку подетално да го истражиме скриеното рекламирање во новите медиуми. Од многубројните примери кои што ги откривме за скриеното рекламирање, најпрво ќе анализираме еден многу очигледен влогот, влогот на Денис Домиан (Denis Domian). Во својот влог: ЈА ОТВОРАМ БОЖИЧНАТА ТАЈНА КУТИЈА! отварање на божиќната мистериозна кутија! Јасно е дека Домиан рекламира 3 работи. Прво тој ја рекламира платформата Joombos, каде што се собираат влогери како него, второ е книгата од неговиот колега, влогерот The Skirt, а највеќе го рекламира Čokolino (храна за деца). Ова може да го приметите, анализирајќи како ги покажува работите од мистериозната кутија. Додека миризливите свеќи, божиќните декорации и другите “изненадувања” се снимани од агол каде што не можете да ја видите нивната марка, главниот рекламиран производ Čokolino е постојано во кадарот, така што сите гледачи можат да го видат и запомнат, а видеото е видено од повеќе од 100.000 луѓе. За секој случај, доколку некој не го забележал Čokolino, Домиан уште и ветува Čokolino награди. Откако внимателно го погледнавме видеото, на него не видовме никаква друга цел, освен рекламирањето на трите веќе споменати работи. За разлика од рекламите на телевизија, кои што траат по неколку секудни и во повеќето од нив е јасно означено дека се реклами, ова трае повеќе од 8 минути. Уште еден типичен пример на скриено рекламирање се влоговите на Филип и Заге, Filipa i Zage. Тие се влогери од Босна и Херцеговина, и многу наши деца ги следат, претежно помладите деца. За да видите што рекламираат, доволно е да гледате само неколку секудни од нивниот 16 минутен влог. Зошто е скриеното рекламирање проблематично? Пред сѐ, бидејќи тие кои што го прават тоа не доведуваат до заблуда не кажувајќи дека рекламираат нешто. Покрај тоа, оние кои што ни се обраќаат на нам младите, сметаат на нашата наивност и животно неискуство пишува Medijska pismenost.hr Скриеното рекламирање влијае на нашата потсвест и на нашите емоции. Доколку одредена облека, чевли или друго, ја носат или ја препорачуваат нашите омилени славни личности, ние исто така сакаме да ги имаме тие работи. Затоа некои блогери носат одредени марки на облека, патики, часовници и слично, за да влијаат врз нивните следбеници. Добар пример за ова е познатиот јутубер Пол Логан Paul Logan, кој има 20 милиони следбеници. Во своите блогови, тој главно ја носи марката за облека Maverick, и носи само патики Nike, и тој секогаш се обидува да покаже која марка на чевли ја носи. Во некои од неговите влогови, тој оди во својата гаража, и покажува кои марки на автомобили ги поседува, тој споделува во кои хотели престојува и го покажува неговиот часовник Rolex. Додека во Хрватска сѐ уште никој не го контролира скриеното рекламирање во новите медиуми, како што е контролирано на телевизија, остатокот од светот започна да ги контролира онлајн рекламите. Поради скриеното рекламирање, проблеми има и најплатениот јутубер, осумгодишниот Rayan Kaji. Како што е наведено од Index.hr Рајан и неговите родители биле пријавени бидејќи не секогаш јасно означувале спонзорирана содржина на своите објавувања. Групата Truth in Advertising, која што ги пријавила, тврдат дека скоро 90% од видео записите на Рајан содржат барем еден платен препорачан производ наменет за деца кои се премногу млади да ја видат разликата помеѓу платен оглас и реална рецензија. Споменатата група утврдила дека Рајан и неговите родители ги измамуваат децата да ги купуваат производите произведени од неговите спонзори.
Освен групите како Truth in Advertising во Америка и Велика Британија, законодавците започнаа да водат истрага за познати личности и инфлуенсери кои не ги означуваат своите содржини на социјалните мрежи како реклами. Порталот Inspireme.hr ги сподели своите податоци во кои дури 44% од испитаниците веруваат во препораките на инфлуенсерите. Исто така го поставуваат и прашањето – што доколку инфлуенсерите ги фалат прозиводите или сместувањето само затоа што ги добиле бесплатно, а не затоа што навистина се задоволни. На пример, славниот инфлуенсер, Jeffery Star, кој пробува и рецензира козметички производи, јавно призна дека некои марки му понудиле 165.000 долари за да ги проба нивните производи. Додека во Хрватска не почне да се води повеќе грижа за скриеното рекламирање во новите медиуми, ни преостанува сами да заклучиме кој нуди интересна и корисна содржина, а кој реклама. Се разбира, ние и самите можеме да ги казниме оние кои што ќе не доведат до заблуда, со тоа што повеќе нема да ја следиме нивната содржина. Автор: Лорена Бенчак, 7б фотографии превземени од Интернет/ Оригиналниот напис е објавен во училишниот дигитален магазин Klinček Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска 28/3/2020 0 Comments Гест на емпатијаГостин уредник - ХрватскаТони од Шпанија – нашиот пријател од Еразмус+, ни испрати видео како поддршка откако слушна за земјотресо Тони скратено од Хуан Антонио Вилегас Нието е момче од Шпанија кое беше со нас како дел од шпанскиот тим на размената Еразмус+ во Италија. Тој е секогаш во добро расположение, подготвен да прави шеги и да им помага на другите. Карло Алексич и јас делевме соба со него. Некои од моите најскапоцени моменти од размената во Италија се поврзани со него. Овој текст го напишав за него, затоа што тој помисли на нас во вистински момент. Во неделата кога ги слушна вестите за земјотресот во Загреб, тој направи кратко видео каде рече дека се надева дека сите сме добро. Тој, исто така, на сите нас ни посака добро здравје поради коронавирусот кој е актуелен овде во Хрватска, во Шпанија и низ целиот свет. Можеме само да кажеме, големо благодарам Тони! Твојот убав гест е вистински пример на емпатија и дојде во вистински момент кога беше потребен, кога се чувствувавме исплашени и збунети, плашејќи се дали ќе има уште земјотреси.
За оние кои не ја прочитале претходната статија во Klinček за емпатијата, каде што објаснивме дека тоа значи сочувство и разбирање на емоциите на другите луѓе, а исто така и правилен начин на реагирање на забележаните емоции. Под овој напис, можете да ги најдете видеото на Тони и неколку слики од него за време на нашата размена на Еразмус+. Автор: Лука Шок, 7.а Фотографии: Мартина Сокач и С.Л. Оригиналниот напис е објавен во училишниот дигитален магазин Klinček. Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: Љ. Ружинска |
ArchivesCategories |