31/12/2020 0 Comments Насмевката на лицата на децата од Чичевац оваа година е поголема од било кога досегаГостин уредник - СрбијаЗа неколку дена доаѓа новата година и оној дел од годината кога Дедо Мраз ја напушта својата куќа на Северниот пол и ги посетува домовите на децата низ целиот свет. „На Дедо Мраз му е потребна помош“ велат добрите луѓе од „Окулар“ кои организираа прекрасна акција за собирање на подароци за децата оваа година. Собирањето на донации за да се купат подароци за децата официјално започна на 5-ти а заврши на 25-ти декември. Во соработка со организацијата „Насмевка како подарок“ беа направени седумдесет пакетчиња и учествуваа повеќе од сто донатори во оваа хуманитарна организација. Донациите можеше да се достават на штандот на „Окулар“ но тоа не беше единствениот начин на кој луѓето можеа да ја искажат својата дарежливост. Многу од донациите пристигнаа и откако штандот беше тргнат. Имаше случај каде што една фамилија од Швајцарија во сеќавање на родната земја одлучиле да помогнат да ги насмеат децата од Чичевац. Меќу локалните донатори беа и вработените на локалната пошта како и многу други жители. Оваа година акцијата беше повеќе од успешна и многу сме горди на „Окулар“ кој со задоволство ги прави најмладите жители на нашата заедница среќни веќе неколку години по ред. Жителите на општината Чичевац покажаа дека имаат добри души и срца. Мораме да признаеме дека радоста на седумдесетина деца на своите подароци навистина носи радост и топлина во нашите срца.
Ви благодариме на сите кои оваа година бевте нечиј Дедо Мраз! Автор: Мина Стојанович Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк Превод на натписот: М. Тенев Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments
Leave a Reply. |
ArchivesCategories |