16/12/2020 0 Comments Правилата на однесување (бонтон) ни помагаат да се спречи хаосот и ни го олеснуваат начинот на живеењеГостин уредник - ХрватскаНикој не сака кога личноста со која разговарате ви „упаѓа во збор“ додека вие зборувате, или пак да разговарате со некој кој зборува со полна уста храна и е сосема неразбирлив. Доколку сите луѓе се однесуваа како што сакаат во светот ќе постоеше само хаос и нередие, како на пример доколку по скали сите се движиме како што сакаме. За да се спречи хаосот, треба да се движиме на десната страна според насоката на движењето. Ова е само еден од низата примери на правилата на однесување во едно општество кои им овозможуваат на луѓето да се чувствуваат попријатно. На пример, вашата соседка ќе се чувствува многу пријатно кога ќе ја отпоздравите наутро на улица и нема да поминете покрај неа како да не сте ја ни приметиле; родителите би биле посреќни доколку видат дека ние децата знаеме правилно да го употребуваме приборот за јадење соодветно а нашите наставници и пријатели ќе бидат среќни кога ќе видат дека знаеме да ги исполнуваме нашите ветувања. За време на четирите часа кои ги имавме во училишната библиотека во рамките на активноста „Правилата на однесување „бонтонот“ низ литературата“ заедно со нашата библиотекарка Стојанка Лешички разговаравме за сите споменати но и многу други правила на однесување и слушавме кратки приказни поврзани со различните видови на однесување. Во некои од приказните недоличното однесување беше опшишано на смешен начин, што успеа да не насмее сите. На крајот на четвртиот час, имавме мала проверка на знаењето преку Kahoot квиз. Најуспешни од сите нас беа Барбара Двечко, Карла Хлебич и Андреа Бурдич. Квизот беше многу интересен и непредвидлив до самиот крај, бидејќи првите три места постојано се менуваа. Некои од учениците беа многу креативни со своите имиња кога се пријавуваа на квизот што беше уште една причина плус да се смееме и забавуваме. Автор: Луција Вукович, 5а
фотографија: С.Л. Огриналниот напис е достапен во училишниот дигитален весник Klinček Превод на натписот: М. Тенев Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments
Leave a Reply. |
ArchivesCategories |