Л.А. ИН-ФОРМАТОР
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
Search by typing & pressing enter

YOUR CART

25/12/2020 0 Comments

Мојата пасија

Гостин уредник - Романија

​Моето име е Марија Алексија Ганеску. Јас сум ученик во 8мо одделение во „Михаил Еминеску“ Гимназијата во Александрија. Чест ми е и големо задоволство да го пишувам овој текст за училишниот весник. Бидејќи уживам во читањето и пишувањето, решив да создадам блог каде што ќе можам да ја споделам мојата љубов кон истите, како и да ги натерам другите да го почувствуваат она што јас го чувствувам кон книгите. На почетокот на летниот распуст, кога ја добив стипендијата, успеав да купам сајт и започнав со работа. Ми требаше некое време дур да ги научам сите програми и функции кои ги нудеа апликациите, но воопшто не еше тешко а и многу се забавував учејќи.
Picture
Мојот прв критички преглед беше за книгата „Чудо“ напишана од страна на Р.Џ Паласио. Тоа е многу убаво напишана книга во која се зборува за прифаќање на личностите со посебни потреби и инвалидитети и е книга која вреди да биде прочитана од сите нас. На мојот блог започнав да пишувам и интервјуа со познати романски автори, да пишувам статии за студентите околу теории за романскиот јазик, како и да пишувам за тоа што е научено во училиште и слично. Сите овие статии се еден вид на предизвик за мене но се идеја која е доста интересна и која многу ми значи.
​
Во моментов имам напишано околу 40 статии и секогаш сум среќна кога ќе видам дека луѓето ја ценат мојата работа и мојот труд. Може да ме најдете на следнава интернет адреса: www.alexiabooks.ro

На горенаведениот линк ги имате сите осврти на книги кои ги имам напишано. Морам да напоменам дека не е многу лесно да се одржува една ваква страна, да се биде активен, внимателно да ги бираш своите зборови со цел да не откриеш нешто важно од книгата за која пишуваш, да си во постојан контакт со своите следбеници и слично. 
Picture
​Веднаш откако го создадов мојот блог, отворив и профил на социјалната мрежа Инстаграм со што влегов во „бокстаграм“ (bookstagram) заедницата каде што запознав огромен број на пријатели.  Моето име на Инстаграм е @alexiabooks_. На оваа социјална мрежа постојано ги информирам моите следбеници за тоа која книга ја читам во моментов и кои се книги ги имам во мојата домашна библиотека. Редовно организирам настани каде што учесниците може да добијат одлични награди. Многу сакам да постирам уметнички слики од книгите кои што ги читам и да давам препораки на оние кои ќе го побараат мојот совет. Преку Инстаграм успеав да стапам во контакт со некои автори или со нивните менаџери па така сега тие ми ги испраќаат нивните книги бесплатно со цел да напишам критика за нив. Во моментов мојот блог го следат 1000 посетители што ме прави многу среќна и сакам да се заблагодарам на сите кои ми помогнаа да стигнам до тука. Кога сум на училиште успевам да постирам по една статија неделно а за време на празниците успевам да напишам и две до три неделно.
Picture
За оние кои се заинтересирани за најдобри понуди за книги и слично, следете ги линковите кои можете да ги најдете на мојот блог и на мојот Инстаграм профил.
​
Од пред некое време почнав да читам книги на англиски јазик бидејќи сакав да го подобрам моето знаење на англискиот јазик.се надевам дека во иднина ќе креирам посебна категорија за критика на овој вид на книги бидејќи знам дека многу луѓе читаат на странски јазик (особено на англиски јазик) па на тој начин мојот блог ќе има по некоја информација за секој што е заинтересиран.
Picture
Ви благодарам што ја проќитавте оваа кратка приказна за мојот блог. Доколку сакате препорака за добра книга или пак да се запознаеме подобро, може да ме побарате на мојот профил на Инстаграм којшто го споменав погоре.

Автор: Алексиа Ганеску 8A
Фото: Алексија Ганеску

Оргиналниот напис е објавен во училишниот дигитален весник Media gerner@tion на следниов линк

Превод на натписот: М. Тенев
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments



Leave a Reply.

    претходно: 2020 ноември
    следно: јануари/февруари 2021

    Archives

    December 2020

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.