Л.А. ИН-ФОРМАТОР
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
Search by typing & pressing enter

YOUR CART

11/5/2020 0 Comments

Семеен рок бенд од Чичевац – RIFF

Гостин уредник - Србија

По веста за пандемијата на коронавирусот, многу е убаво да слушнеме дека во Чичевац има семеен бенд, чии членови работат напорно и ги создаваат нивните нови авторски песни. Бендот го сочинуваат таткото - Симон Тегелтија, постариот син - Илија Тегелтија и помладиот син - Петар Тегелтија. 

Тие веќе имаат две авторски песни, а бендот е основан сосема случајно. Како што дознавме, рок групата имала идеја да ги собере сите деца кои свират музички инструменти, но децата не биле доволно упорни да се занимаваат со рок музика, така што во бендот останале само членовите на семејството Тегелтија.
​
Бендот се вика “RIFF”, а името го добил по рок кафе клубот во Чичевац, кој го држел Симо. Името претставува гитарски акорд кој се состои од само два тона. Бендот планира да сними цел албум во иднина, и се надеваат дека промоцијата ќе биде успешна. Како што окривме, сите нивни планови се поврзани со музика.
Picture
Таткото Симо Тегелтија е фронтмен и основач на бендот.

Колку долго се занимавате со музика?
Симо: “Аматерски се занимавам уште од средно училиште, значи некаде од 1996 година. Започнав со свирење на гитара, а сега во “RIFF” свирам на бас гитара.”

Дали порано, пред основањето на “Riff”, сте биле член во други бендови?
Симо: “Не, после средно училиште, јас буквално не сум пипнал гитара се до 2009 година, кога го учев Илија да свири.”

Веќе имате две песни, и неодамна ја објавивте песната наречена “Малена”. Дали сте задоволни со успехот на песната?
Симо: “Авторски песни почнавме да снимаме пред два или три месеци. За почеток е одлично, тие се популарни и имаат бројни прегледи, кои постојано се зголемуваат.”

Вие сте семеен бенд. Од каде потекнува заедничкиот интерес за рок музиката?
Симо: “Веројатно започна благодарение на музиката која ја слушав. На моите деца им се допаѓаше музиката која што ја слушав, така што и они го засакаа рокот.”

Каде ќе може да ве чуеме по епидемијата на коронавирусот?
Симо: “Во клубовите и на мото собирите насекаде во Србија, буквално во секој град во Србија.”
​
Дали е можно да се заработи од музика?
Симо: “Можно е. Зошто да не? Тоа зависи од посветеноста и квалитетот на бендот.”
Picture
Илија Тегелтија свири гитара во бендот. До пред неколку години можевме да го видиме на секој училиштен настан, но сега само со неговиот бенд.

Колку години имаше кога влезе во светот на музиката?
Илија: “Имав девет години кога пројавив интерес да учам да свирам гитара, затоа што го видов татко ми како свири. Така започна сѐ.”

Кое е твоето место во бендот?
Илија: “Јас сум пејач и гитарист.”

Кој е текстописец на вашите песни?
Илија: “Првобитно јас сум текстописец, а потоа ги уредуваме текстот и музиката заедно со мојот брат и татко ми.”

Од каде кај тебе се створи љубовта кон рок музиката?
Илија: “Од мали нозе повеќе се интересирав за рок музика отколку за други врсти на музика, иако не ми пречи ниту еден вид музика сѐ додека има одреден квалитет.”

Како ја добивте идејата за новата песна? Од каде дојде инспирацијата?
Илија: “Инспирација ми беше љубовта и кога сакам да кажам нешто, јас вообичаено го изразувам тоа преку музиката.”

Дали ова ти донесе поголема популарност кај твоите пријатели?
Илија: “Да речеме дека да се биде популарен не е толку важно, но прави некаква разлика. Најважно е каква личност сте.”

Како реагираат твоите пријатели?
Илија: “Моите пријатели ме подржуваат и на сите им се допаѓа мојата музика.”
Петар Тегелтија е најмладиот член на бендот и тапанар.

Кога беше твојот прв контакт со музиката?
Петар: “Отсекогаш ја сакав музиката, а започнав да свирам тапани во 2009 година, веднаш откако Илија почна да вежба да свири на гитара.”

Колку долго учеше и го усовршуваше свирењето?
Петар: “Сѐ уште учам и мислам дека сѐ уште не сум го усовршил свирењето. ”

Дали пријателите те подржуваат во ова?
Петар: “Тие не слушаат рок музика, но сите ме подржуваат.”
​
Што за тебе претставува музиката?
Петар: “Музиката е моја страст и живот, и претставува ослободување на сите проблеми.”
 
Да си дадеме убава можност да уживаме во добра музика во целиот овој хаос, предизвикан од коронавирусот, и некои добри вести како оваа. Песните на нашите музичари можете да ги најдете на “You Tube” каналот наречен “RIFF BAND”.

Автор: Мина Стојанович

Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк

​
Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

11/5/2020 0 Comments

Христос воскресе, радост донесе

Гостин уредник - Србија 

​Велигден е најголемиот христијански празник кој го слави Христовото враќање во живот – неговото воскресение. Според христијанските верувања, воскресението се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на неговата смрт: тоа е на првата недела по Велики петок. Овој датум варира и се празнува после еврејската Пасха, во првата недела после полна месечина, на денот на пролетната рамноденица, или веднаш по неа. Во источното христијанство најраниот датум е на 4 април, а најдоцна на 8 мај, а во западното христијанство секогаш меѓу 22 и 25 април.
Picture
Подготовките за Велигден и обичаите се разликуваат. Традиционално започнуваат на Велики четврток, денот на причестувањето. Тие продолжуваат на Велики петок. Тој ден Исус, кого верниците го нарекуваат Христос, бил одведен од домот на првосвештеникот Кајафа до римскиот прокуратор Понтиј Пилат. Тој го осудил Христос да биде распнат на крст. Исус бил распнат и умрел на Голгота, рид близу Ерусалим. Неговите последни зборови биле: Оче, прости им, оти не знаат што прават!
​

На Велики петок луѓето бојадисуваат велигденски јајца, највеќе во црвена боја, која ја симболизира крвта на Христа. Овие јајца, почнувајќи од недела, луѓето ги јадат, ги подаруваат на други и се кршат со нив во форма на натпревар. Во некои земји, наместо бојадисани јајца, обичај е да се даваат како подарок јајца и други форми направени од чоколадо. Преземено од паганските обичаии, во западните култури велигденскиот зајак “носи” јајца.
Picture
Првото обоено црвено јајца се нарекува “чувар на куќата”. Боите кои што се користат можат да бидат индустриски, природни (лушпи од кромид, цветни ливчиња и лисја), а украсите, доколку ги има, варираат од течни бои до светки, украсни фолии и налепници.

Оваа година, поради ситуацијата ширум светот, некои луѓе нема да го слават Велигден со своите најблиски.

Останете дома, за да не се повтори ова и следната година!

Автор: Нина Кркич
Слики: Каролина Бобек на Unsplash
Насловна слика од Пол Зотемиер на Unsplash

Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

6/5/2020 0 Comments

Го славиме денот на Франкофонијата преку музика и танц

Гостин уредник - Романија 

Секоја година на 20 март, 75 членки на Меѓународната организација на франкофонијата (МОФ), го слават меѓународниот ден на Франкофонијата преку разни култури настани, од 1998 година.
​
Во 2020 година се слави 50 годишнината од создавањето на Интернационалната Франкофонија, а МОФ ги покани земјите членки да учествуваат и да го организираат "Grande Flashmob de la Francophonie". Оваа голема кореографска мобилизација, од типот на флеш-моб, е упатена до целата заедница на ученици од 23 земји членки и набљудувачи од Централна и Источна Европа, кои сакаат да го потврдат својот интерес, во “La Francophonie”, и учење на францускиот јазик.
Picture
Со цел да го прославиме денот, беше изведена кореографија на песната „Alors on danse” ("So We Dance") од белгискиот артист Stromae, и му ја довери на танчерот Souleymane Sanogo, комбинирајќи модерни и учични танци, африкански инспирации и танцови движења од традиционалниот Балкан. Погледнете ја кореографијата тука: FlashMob du 20mars 2020
​

Учениците од училиштето „Михај Еминеску“, координирани од г-ѓа Кристеја Нарсиса, желни да учествуваат и оваа година во прославата, ги започнаа подготовките за овој танц уште во јануари. 100те ученици кои што учествуваа во флеш-мобот, многупати повторуваа за да синхронизацијата и движењата бидат добро изведени.
Picture
Учениците исто така подготвија костими за настанот кои се состоеа од маици на кои беа испечатени разни слики, пораки, цртежи поврзани со настанот, црни панталони и црвена лента за да нагласат и дадат посебна боја на учениците од нашето училиште.

Учениците од нашето училиште учествуваа на пробите секој ден, овој танц ги зближи и ги натера да комуницираат повеќе едни со други, бидејќи се создаде емотивна врска што ги поттикна да сакаат да бидат најдобри, да бидат тим.

Бевме многу среќни што се вкучивме во овој проект, кој преставуваше одлична можност да се засили соработката помеѓу учениците и наставниците и да се промовира учењето на французикиот јазик во нашиот регион. Зошто велиме нашиот округ или град? Затоа што учествуваме со други ученици од средните училишта и основните училишта во Александрија во овој флеш-моб и тој требаше да биде претставен на главниот булевар во Александрија.

За жал, неочекуваната пандемија на Ковид-19 нѐ принуди да најдеме друг начин за да го претставиме нашиот танц. Додека го чекавме големиот флеш-моб на “La Francophonie”, вежбавме дома, снимавме и споделувавме со другите, објавувајќи го видеото на социјалните мрежи со хаштаг #𝐚𝐥𝐨𝐫𝐬𝐨𝐧𝐝𝐚𝐧𝐬𝐞𝐜𝐡𝐞𝐳𝐬𝐨𝐢 и #𝐅𝐥𝐚𝐬𝐡𝐦𝐨𝐛𝐅𝐫𝐚𝐧𝐜𝐨𝐩𝐡𝐨𝐧𝐢𝐞. На овој начин, ние можеме да го поминеме нашето слободно време на корисен начин и да вежбаме, во исто време. Се надеваме дека видео записот поставен на нашите страници на социјалните мрежи ќе им го направи денот поубав на сите кои ќе го видат.

На крај, сакаме да им се заблагодариме на учениците и наставниците кои учествуваа во оваа знајачна активност, за нивната вклученост и напор.
 
Автори: Драгу Анамариа – VI A, Андре Попеску – V A

Оргиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник Media Gener@tion и може да се најде на следниот линк 

​
Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

6/5/2020 0 Comments

Лутање по светот

Гостин уредник - Романија

​Со оглед на моменталните услови, борејќи се против невидливиот непријател, кој нѐ тера да останеме дома, далеку од нашите драги места, секој од нас се прилагодува....Но, што можат да направат страсните патници? Не можете да ги спречите да сакаат да избегаат во нови светови. И зошто би го сториле тоа? Зар не би било подобро да направат дигитален куфер во кој би ги ставиле сите места кои ги посетиле, сите лица кои ги сретнале на нивните патувања, сите јадења во кои уживале и сите приказни што ги чуле?
Picture
Picture
​Од овој куфер со виртуелни патувања, за денес избравме безвременски простор, далеку од метажот и вревата на нашите зафатени животи, место каде што можете да се релаксирате, каде што силата на водата, извајала карпа, област богата со историја и легенди, област позната и како Ѓердапска Клисура, на границата со Србија, во округот Мехдинти. Пејзажот на областа е импресивен, совршена комбинација на стрмни карпи и турбулентните води на Дунав. Од место до место, потоците што се спуштаат од планината и влеваат во Дунав, формираат заливи и речни устија. Најспектакуларниот од нив е заливот Мраконија, чуван од огромното лице на Децебал, кое е врежано во карпата. Лицето на Децебал е најголема статуа врежана во планински стрмнини во Европа и статуата е поголема од 50 метри. 
Picture
​Од заливот Мраконија, можете да се качите на еден од чамците што ќе ве однесе да се восхитувате на убавината на областа. По вода ќе ја откриете Трајанова Табла, мермерна плоча која датира од првата Дакиска војна, но и две други туристички атракции, имено пештерата Veterani, од каде што австро-унгарските армии пукале топови во турските бродови, и пештерата Ponicova, во која што можат да се видат спектакуларни галерии, населени со лилјаци.
Picture
Згора на тоа, областа нуди многу рути низ Банатските Планини, најспектакуларната од сите, е онаа која ќе ве однесе до врвот Ciucaru Mare и од каде што од висина можете да му се восхитувате на најтесниот дел на Дунав.
​
Затоа, виртуелното патување може моментално да ја задоволи вашата жед за патување, може да ви помогне да откриете нови места, вистински оази на радост на кои ќе се вратите што поскоро и каде ќе ја оставите вашата ознака како патник низ целиот свет.
 
Автор: Гросену Теодота – VI B

Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник Media Gener@tion и може да се најде на следниот линк

​
Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

2/5/2020 0 Comments

Ковид-19 измами и лажни вести

Гостин уредник - Шпанија

Список на лаги наведени во весниците:
  • Постојат докази дека коронавирусот не може да преживее во жешка или повеќе лажна клима -> Лага
  • Конзумирањето на вино или алкохол помага во заштитата против коронавирусот > Лага
  • Шпанската влада веќе донесе патоказ и календар за продолжување на активностите од сега до јуни- > Лага, сѐ уште нема одлука  до 25 април
  • Пандемија се програмира на секои 100 години за да се намали светската популација -> Лага
  • Коронавирусот се лекува со MMS или натриум хлорид -> Лага, и двете супстанци се опасни и нелегални
  • Видео снимено од RAI докажува дека коронавирусот е создаден во Кина во 2015 година- > Лага
  • Шпанската електроенергетска компанија Iberdola ја намали сметката на сите потрошувачи за 25% -> Лага
Picture
Список на лаги/ лажни вести објавени на Facebook:
  • Шпанската влада направи патоказ и календар при што ги програмира фазите на крајот на затварањето на угостителските објетки -> Лага
  • Шпанската влада ги блокираше резервните здравствени материја: “ни ги крадат маските” -> Лажни вести
  • Левичарската партија Унидос Подемос поднесува тужба против портпаролот на десничарската партија Вокс за ширење лажни вести за коронавирусот
Picture
Список на лаги/ лажни вести споделени на социјалните мрежи:
  • Вдижувањето на пареа го уништува коронавирусот -> Лага
  • Топлината го убива коронавирусот -> Лага
  • Хеликоптери ќе се користат за глобална дезинфекција -> Лага
  • Одредена храна и пијалоци го спречуваат вирусот -> Лага
  • Ибупрофенот ги влошува симптомите на вирусот -> Лага
  • Владата ќе прогласи вонредна состојба -> Лага
  • Шпанската влада конфискува респиратори за да ги носи во Мадрид -> Лажни вести
  • Коронавирусот се лекува со хлорокин и хидроксихлороин -> Лага
Picture
0 Comments

2/5/2020 0 Comments

Ковид-19

Гостин уредник - Шпанија

Што е Ковид-19?

КОВИД-19, познат и како заразата Вухан, беше откриен за прв пат во кинескиот град Вухан (провинцијата Хубеј), во декември 2019 година. Откако се прошири на повеќе од 100 територии, Светската здравствена организација прогласи пандемија.
​
Неговите симптоми се слични на оние на грип, вклучувајќи треска, кашлање, диспнеја, болка во мускулите, и замор. Во потешките случаи, вирусот создава пневмонија, синдром на акутно отежнато дишење, сепса и септичен шок, што доведува до смртност кај 3% од заразените пациенти. Не е утврден специфичен третман за лекување, а главните терапевтски активности се олеснување на симптомите и одржување на виталните функции кај пациентите. 
Picture
Можни лекови што се користат за лекување

REMIDISIVIR
Првиот лек кој што треба да се спомене е Remidisivir. Тоа е фармацевтски производ, првично развиен за борба против еболата, но не постигна големи резултати. Сепак, како што е прикажано со последните тестови со лабараторсики направени клетки, може да биде еден од потенцијалните лекови во борбата против Ковид-19.

CHLOROQUINE
Chloroquine со години се користи во третманот за лекување на маларија. Бидејќи неговата употреба се зголеми за време на оваа здравствена криза, научниците изјавија дека поради тоа што е успешен во лекување на маларија, не мора да значи дека ќе биде успешен и во лекување на SARS CoV2.
Може да му се дава на пациентот преку уста, и има ниска цена. Сепак, лекот има секундарни ефекти, како вртоглавица, губење на глад, дијареја, повраќање или лезии на кожата.

RITONAVIR & LOPINAVIR
Овие два лекови се комбинираат при лекува на ХИВ.
Кога започна оваа криза, овие два производи влеваа голема надеж. Како и да е, истражувањата во прелиминарната фаза покажаа дека не се постигнуваат јасни придобивки кај заразените пациенти со Ковид-19.

RITONAVIR & LOPINAVIR + INTERFERON-BETA
Четвртата анализирана терапија во есејот за солидарност на СЗО, е комбинација на претходно споменатите производи со interferon-beta. Тоа е молекула која може да го контролира воспалението.
Првите направени истражувања во прелиминарните резултати направени кај животни откриле дека оваа комбинација успева против инфекции на MERS - БДС (Блискоисточен дишен синдром).
 
Истражување за вакцина – ажурирано до денес

Повеќе од 20 истражувачки тимови и фармацевтски компании низ целиот свет сега бараат начин да развијат нови вакцини или антивируси, кои можат да го олеснат новиот коронавирус. Вакцините што денес се развиваат се во нивните први фази, некои од нив влеваат надеж, но тие треба да бидат ефективни и безбедни, но и покрај сето тоа, сепак треба да развиеме капацитет за производство доволно за глобалните потреби, бидејќи ова ќе биде долг период.

Двете најнапредни вакцини се оние кои се во развој во Кина и САД. Истражувачкиот тим го води биоинженерот и мајор Чен Веи. Таа започнала да работи на проектот кога таа и нејзиниот тим дошле во Вухан, епицентарот на пандемијата, на крајот на јануари. Резултатот е подединици од вакцина, формула од нова генерација која содржи само некои антигени без патогени, па затоа се смета како побезбедна од традиционалните техники. “Вакцината нема заразни материи; таа е многу безбедна и стабилна, и треба само една вакцинација”, изјави таа кога зборуваше во Центарот за контрола и превенција на болести на Хубај и повикува на доброволци.

Епидемиологија

Ажурирани информации на 10 април 2020, 19:00 часот
Picture
Ефект на вирусот во нашиот регион

Регионот Кастила – Ла Манча во Шпанија има една од најдобрите инфраструктури во специјализирана гериатриска грижа за справување со кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, која главно ги напаѓа најранливите, а особено постарите лица. До сега, сто тимови ги посетуваа домовите за стари лица, ги контролираа домовите и центрите за грижа на лица со посебни потреби. Поставена е сегментација за распределување на жители и лица кои имаат потреба од евакуација. Објектите се дезинфицирани и е обезбедена помош од страна на здравствени работници кога тоа е неопходно.
​
Освен тоа, сите центри за социјално здравје, ги посетија со цел да им се обезбеди здравствена помош, материјали и сите потребни елементи, за прием на лица од гореспоменатите профили кои имаат потреба, и доаѓаат од кое било место од Шпанија.
Picture
Ова беше многу интересен есеј. Ме натера да сфатам за реалната ситуација во која живееме денес. Имав можност да пристапам до многу темелни информации, лесни за пристап, за адресираната тема, што особено ми се допадна.

Автор: Лаура Гомез Патино

Оригиналниот напис е достапен во онлајн дигиталниот весник на следниот линк 

​
Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

29/4/2020 0 Comments

Гимназијата Gaudeamus од Осијек направи своја веб-плаформа за учење од далечина

Гостин уредник - Хрватска 

Далечинското учење се одржува два пати неделно од 2018 година, а комуникацијата со учениците се одвива преку аудио и/или видео врска

​Онлајн часовите вчера започнаа во цела Хрватска. Иако целиот систем сѐ уште се приспособува, гимназијата Gaudeamus од Осијек немаше проблеми како другите училишта. Ова приватно средно училиште одржува часови преку интернет од 2018 година два пати неделно, а од појавата на COVID – 19, тие беа првото училиште што започна секојдневно со часови преку интернет. Од 26 февруари 2020 година, нивните ученици не одат на училиште, но сѐ тече како што треба. Тие ги оценуваат учениците и ги спроведуваат наставните планови како што е планирано. Ова е овозможено преку нивната приватна платформа за далечинско учење за чиј развој инвестирале 1 милион куни (132.000 евра) преку фондовите на ЕУ. Разговаравме за учењето од далечина со Мирна Шакиќ, која работи како психолог во ова приватно средно училиште во Осијек.
Picture
Можете ли накратко да ни го представите вашето училиште?
​

Ние сме приватна гимназија и постоиме од 1996 година. Оваа учебна година имаме две паралелки со 25 ученици и 2 паралелки со 16 ученици. Нашиот метод на работа е малку поразличен од другите гиманзии, бидејќи предметите ги поделивме на задолжителни предмети, изборни предмети, странски јазици и креативни предмети. Задолжителни предмети се хрватски јазик, математика и странски јазик. Изборни предмети се оние кои на учениците им се потребни за упис на студии. На пример, учениците кои сакаат да учат медицина ќе се одлучат за хемија, физика и биологија. Во третата група, односно, креативни предмети, влегуваат оние предмети кои што се учат на ниво на општо знаење, бидејќи тие не се потребни за полагање на државна матура. Во рамките на предметот историја, учениците ќе бидат повеќе фокусирани на она што е поврзано со историјата и нивната специфична точка на интерес во рамките на предметот кој што сакаат да го учат. Истото важи и за учениците кои сакаат да студираат медицина. Особеноста на нашето училиште е менторството. Секој ученик има свој ментор кој му помага за време на школувањето.
Picture
Колку чини школарината?

Нашето училиште се наоѓа во Осијек, така што школарината е помала во однос на приватните училиште во Загреб или Сплит. Школарината изнесува 22.000 куни годишно, а може да се плаќа и на рати до 8 години.

Кога започнавте да експериментирате со онлајн часовите и како тоа функционира сега?
​

Започнавме пред 6 години. Се обидовме преку Skype, Facebook и некои други социјални мрежи и апликации. Бидејќи ништо од наведеното не одговараше на нашата идеја за онлајн учење, во 2015 година аплициравме за фондови од ЕУ, и започавме да развиваме сопствена платформа за онлајн учење. Името на проектот преку кој ја развивавме нашата платформа за онлајн учење беше “ICT научна лабараторија”, а покрај онлајн учење, целта беше и да се поттикне интерес кај учениците за СТЕМ (STEAM) предметите.
Picture
Picture
Како се вика вашата платформа за онлајн учење?
​

Платформата се вика Loops. Учениците од нашето училиште имаат лозинки за пристап, а по барање, лозинка може да им се даде на ученици од кое било друго училиште. Нашата платформа е ставена на располагање за сите. Ние ја понудивме и на Министерството за образвоание на Хрватска, но досега немаше интерес од нивна страна.
Picture
Кои се можностите на оваа платформа, и како преку платформата се одржуваат часови?

Наставниците имаат аудио и видео врска со сите ученици. Наставниците седат во училницата, а учениците можат да ја следат наставата од каде што сакаат. Кога е потребно, наставникот ќе ги замоли да го вклучат микрофонот и да одговорат на некое прашање или да дадат свој коментар или примедба. Платформата исто така ни овозможува да го провериме нивното следење на наставата односно тестирање. Сето ова се случува во реално време.

Како проверувате дали учениците ја следат онлајн наставата и дали постојат санкции доколку не ја следат?

Ги проверуваме обично преку звукот, но имаме опција да уклучиме и видео врска. Тоа го правиме ретко, бидејќи им даваме опција да ги следат часовите од каде што сакаат. Нам не ни смета ни доколку тоа го прават од нивниот кревет. Најважно е да ги извршат задачите кои што сме им ги задале. Доколку некој ученик не ја предаде задачата, тој ќе добие минус поени за таа активност. Пред појавата на Ковид-19, имавме правило доколку некој ученик добие 3 опомени, мора да дојде во училиште и во денови кога се спроведува онлајн настава. Опомените се добиваат во случај ученикот да не одговори на барањата на наставникот или доколку не ги испрати зададените задачи. Сега моравме да ги прилагодиме методите бидејќи сите мораат да бидат онлајн, па затоа се обидуваме да ги мотивираме на други начини.

Исто така кажавте дека можете да правите тестови и од дома, па како го спречувате препишувањето?

Обично во денови на онлајн настава правиме пократки тестови, така што и учениците и ние можеме да добиеме повратна информација за она што тие научиле. Поважните тестови, како и годишните тестови, не ги правевме на Loops. Годишните тестови се спроведуваат како симулација на државната матура, и ги правиме на училиште. Но, поради новонастанатата ситуација сега сите тестови и оценувањето се прават преку Loops. Има неколку опции како би го спречиле препишувањето. Тестовите можат да бидат ограничени со време. Исто така, можеме да го ограничиме и времето на одговарање на секое прашање. Исто така, се обидуваме да правиме персонализирани прашања. Секој ученик може да добие различни прашања, и секое прашање е различно формулирано. На пример, ќе побараме од нив да смислат некој пример или прашање поврзано со нивното лично искуство. Во случај да користат и учебник и интернет, таквите прашања не можат да ги препишат.

Создадовте и ваша сопствена апликација за професионална ориентанција. Како таа функционира?

Учениците ќе ја пополнат апликацијата со свои белешки и идеи за време на часот, а најчесто се користи за корелација со нивното лично искуство. На пример, ученикот може да поврзе информатика со игри. Во текот на неколку месеци апликацијата покажува кои предмети ученикот највеќе ги поврзал, и тоа покажува кој е неговиот интерес.

Какви се резултатите на вашите ученици на државната матура?

Ние сме меѓу најдобрите. Три пати бевме најдобри и имавме дури 41.55 % над државниот просек. Еден од најрелевантните критериуми е процентот на ученици кои се запишале на факултет. На ова поле исто така имаме одлични резултати. Помеѓу 85% и 90% од нашите ученици се запишуваат на факултети кои биле нивниот прв избор.

Според вас кои се предностите на онлајн учењето?

Бидејќи дел од системот е веќе целосно дигитализиран, најголема предност е што учениците можат веднаш да добијат повратна информација. На тестовите каде што учениците треба да изберат еден од понудените одговори или да заокружат или да ги надополнат празните места, учениците веднаш ги гледаат резултатите, а со тоа наставниците заштедуваат време за оценување и пишување повратна информација. При отворен тип на одговори, можеме да ги отвориме одговорите на сите ученици, и да ги споредиме. Предност на овој тип на оценување е дека ученикот работи во опуштена работна атмосфера, и при тоа не му сметаат другите ученици. Нашите ученици го наведоа ова како најголема предност.
Picture
Дали мислите дека е реално да се очекува дел од наставата за некоја година да се спроведува онлајн и во редновните училишта, а не само во приватните училишта како вашето?

Нема пречки, но важна е квалитетна подготовка. Ние со години се организиравме. Најпрво е важна едукација на наставниците, бидејќи без квалитетна припрема ништо не може да функционира. Ништо не може да се направи од денес за утре. Нема причини зошто тоа не може да биде реалност во целата земја доколку се исполнети техничките барање и предиспозициите за поврзување на интернет.

Автор: Доминик Чурин, 7а
фотографии: С.Л.
​
Огриналниот напис е достапен во училишниот дигитален весник Klinček

​
Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments

29/4/2020 0 Comments

Авторите на лажни вести за коронавирус се грижат само за парите

Гостин уредник - Хрватска 

Постојат веб-страници кои се посебно наменети за лажни вести – некои од нив заработуваат од 10.000 до 40.000 евра месечно од реклами.

„Кога температурата на воздухот е од 26 до 27 ° С, коронавирусот умрира, тој не живее во топли области. Покрај тоа, пиењето топла вода и сончањето е доволно да ги превземете како мерки за заштита. Избегнувањето на ладна храна и пијалоци, вклучувајќи го и сладоледот, е многу важно. Правење гаргара со топла вода и сол ќе го убие коронавирусот во грлото, и ќе го спречи вирусот да влезе во белите дробови.“
Picture
Ова се само некои од препораките кои се шират на социјалните мрежи, и се препишани на сметка на УНИЦЕФ. На интернет откривме дека овие лажни вести беа преобјавени на веб-страницата на епархијата Слуњ - Župa Slunjskog dekanata (на 16 март), и тие ги наведуваат УНИЦЕФ и Факултетот за наука како извори. Всушност, ова се лажни вести и според Faktograf, УНИЦЕФ на 12 март негираше дека е автор на овие вести. И покрај негирањето на Faktograf и УНИЦЕФ, овие лажни вести сѐ уште се шират и можеме да најдеме многу други лажни вести за коронавирусот по другите медиуми и социјални мрежи.
Picture
Picture
​Се запрашавме во чиј интерес е да се создаваат лажни вести и го започнавме нашето истражување на интернет каде најдовме друга неодманешна лажна вест. Таа вест се емитуваше неколку дена пред изборот на претседател на партијата ХДЗ. Членови на партијата примиле текстуални пораки со наслов “Избори ХДЗ”. Андреј Пленковиќ, претседател на партијата изјави дека оваа лажна вест е направена од опозиционата партија, со цел да ги доведе во заблуда нивните членови. По овој пример, можеме да заклучиме дека истите лажни вести се создаваат поради политички причини. 
Picture
Зошто се создаваат лажни вести? Одговорот го најдовме на веб-страницата на Друштвото за комуникација и култура на медиумите - Društva za komunikacijsku i medijsku kulturu. Тие велат дека “Зад лажните вести стојат поединци и групи на луѓе кои сакаат да допрат до широка публика и да влијаат на нивните политички, идеолошки или економски погледи.” Освен што сакаат да го променат нашето мислење, авторите на лажните вести, исто така, сакаат да заработат пари. Можеме да заклучиме дека станува збор за лажни вести како овие за коронавирусот. Лажните вести имаат многу привлечни наслови, тие наслови се нарекуваат и кликбејт. Тие се создадени на начин што ја привлекува публиката да клинке на нив. Бројот на кликања е важен за огласувачите и со поголем број на кликања, доаѓа поголема сума на пари за авторите на лажните вести. Порталот Deutsche Welle објави податоци дека постојат некои специјализирани веб-страници за лажни вести. Американецот Џастин Колер, сопственик на неколку такви страници, вработува 25-30 “новинари”. Исто така, најдовме интересна информација, дека некои автори на лажни вести изјавуваат дека заработуваат од 10 до 40 илјади евра приход од рекламите на нивните страници.
Picture
Па, пред да одлучиме да споделиме некои вести, мора да размислиме и да провериме дали информациите се точни, затоа што не е точно сѐ што наоѓаме на интернет. Порталот Медиумска писменост - Medijska pismenost препорачува:
  • Не го читајте само насловот
  • Проверете кој ја споделил веста
  • Проверете го Impressum (редакцијата)
  • Проверете го авторот
  • Проверете го времето и датумот на објавата
  • Проверете ги врските во текстот и изворите
  • Проверете ги сомнителните цитати и фотографии
  • Бидете внимателни со изнесувањето на вашите мислења
  • Проверете ги вестите со други извори
  • Размислете пред да споделите нешто
Picture
Во случај на лажни вести за коронавирусот, тие исто така можат да влијаат на ширењето на вирусот и да ги намалат напорите на експерите кои се обидуваат да го спречат. Поради тоа, важно е да се следат и споделуваат информации од официјални извори. Во случај на коронавирус, ние го препорачуваме Хрватскиот институт за јавно здравје - Hrvatski zavod za javno zdravstvo каде се споделуваат информации од вистински експерти, а не вести од автори на лажни вести.

Автор: Леа Харча, 7б
фото: интернет

Оригиналниот напис е достапен во училишниот дигитален магазин Klinček

​
Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: Љ. Ружинска
0 Comments
    претходно: 2020 март
    следно: 2020 мај

    Archives

    May 2020
    April 2020

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.