Л.А. ИН-ФОРМАТОР
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Април
    • 2021, Март
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Април
    • 2021, Март
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
Search by typing & pressing enter

YOUR CART

26/2/2020 0 Comments

Безбедност на интернет

Гостин уредник - Шпанија

Picture
Интернетот е светска мрежа, која ја користи телефонската линија за да пренесува информации.
Бидејќи сите имаме пристап до оваа платформа, ние постојано сме поврзани на интернет. Интернетот ни овозможува забава и информации. Но, мора да бидеме свесни за опасностите од сурфање на интернет, бидејќи, доколку не внимаваме, може да стасаме до опасни веб страници.
Во поголемиот дел од апликациите што интернетот ни ги нуди како социјални медиуми, за да создадеме лична сметка, треба да дадеме лични информации за да може да бидеме идентификувани. Но, мора да бидеме внимателни затоа што многу често овие апликации бараат од нас лични информации што не смеат да бидат откриени заради законите за приватност. Во тој случај, ние мора да знаеме дека таа апликација, веб или извор на информации можат да бидат лажни, те. да не го исполнуваат законот за заштита на податоци.
Денес постојат платформи кои многу се напреднати благодарение на еволуцијата на технологијата. На пример, Инстаграм или ТикТок, имаат разни опции за безбедност и јасно се објаснети последиците што произлегуваат од непридржувањето кон законот за заштита на податоци.
Доколку не ги запазиме овие предупредувања, последиците би можеле да бидат многу сериозни. На пример:
  • Некој би можел да нѐ вознемирува, поради изложувањето на нашите лични податоци,
  • Некој би можел да ја пробие нашата лична сметка и да поставува несоодветни фотографии или видеа и може да направи да се гледаат јавно.
Меѓутоа, постојат апликации кои може да го спречат случувањето на горенаведените работи, некои од нив се со многу добар квалитет, и тие ги штитат и нашиот идентитет, и нашиот уред. Овие апликации се наречени “антивирус” апликации и тие ги чистат нашите уреди.

Автори: Лусија Инес Квиралте Твидл и Клаудија Кањас Морено-Манцанаро
Фото:  LICENSE: http://Endru-von-praag / CC BY-SA (https://creativecommons.org/licenses/by-sa/4.0)
              URL: https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/e/e4/ESET_Android.jpg

​Оригиналниот напис објавен во онлајн дигиталниот весник на следниов линк.

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: В. Петрова
0 Comments

26/2/2020 0 Comments

Фудбал - Шпанска лига

Гостин уредник - Шпанија

Picture

​САНТАНДЕР ЛИГА (ПРВА ДИВИЗИЈА)

Првата фудбалска дивизија во Шпанија (Campeonato Nacional de Liga de Primera División), поради финански причини е наречена Сантандер Лига. Тоа е само машка категорија во системот на лиги во Шпанија, и исто така главно купско натпреварување во оваа земја. Фудбалската професионална лига (Liga de Fútbol Profesional - LFP) се организира уште од 1984 година, а пред неа е Кралската фудбалска  федерација на Шпанија (Real Federación Española de Fútbol - RFEF), која се одржува од 1928/29 година, и била прекината само во периодот од 1936 до 1939, поради граѓанската војна

СМАРТБАНК ЛИГА (ВТОРА ДИВИЗИЈА)

​Втората дивизија на фудбалот позната како Campeonato Nacional de Liga de Segunda División or LaLiga Smartbank, е втора категорија во системот на лиги во Шпанија. За одржувањето на оваа дивизија почнло да се расправа уште во 1928/29, заедно со првата дивизија; но натпреврите започнале да се одржуваат од 1984 година, од страна на LFP.
Picture


ВТОРА ДИВИЗИЈА Б

​Националното првенство во лигата на Втора Дивизија Б е трета категорија во шпанската фудбалска лига. Воведена е во 1977 година, како средна категорија помеѓу втората и третата дивизија. Организацијата на оваа дивизија зависи од RFEF. Статусот на оваа дивизија е полупрофесионален, и независно од тоа што не е интегрирана во LFP, поголемиот број од клубовите имаат професионална организација. Во сезоната 2018/19 година, шампион во оваа лига е ФК Фуенлабрада. Во моментов, овој клуб е во втората дивизија.
Picture

Picture

ТРЕТА ДИВИЗИЈА

​Оваа лига е четврта категорија во шпанската фудбалска лига од 1977 година. Во моментов, оваа дивизија е непосредно под Втората Дивизија Б и над регионалните натпреварувања, и затоа се смета како последна национална категорија во шпанската лига. Сепак, натпреварите се одржуваат како регионални. Промовирано е да стане дел од националното ниво на лиги како Втора Дивизија Б, но тоа е оспорено на крајот на сезоната. Оваа дивизија е формирана во сезоната 1929/30, и не е професионална категорија.

КУП РФЕФ

​La Copa Real Federación Española de Fútbol, или попознат како Copa Federación, е официјален национален фудбалски натпревар, прославен и организиран од страна на РФЕФ (Real Federación Española de Fútbol). Се игра уште од 1993/94 година како турнир во поскромен фудбал, со сличен формат како Копа дел Реи (Copa del Rey).
Picture
​Клубовите од Втората дивизија Б и Трета дивизија се натпреваруваат еднаш годишно на овој натпревар затоа што тие не добија шанса да играат на Копа дел Реи, откако беа елиминирани уште во првото коло. Исто така, вторите екипи на тимовите може да се натпреваруваат на овој турнир, но само ако нивниот прв тим не игра.
Во моментов се игра со 2 одиграни кола во квалификациите, вклучувајќи го и последното коло. Спорно е во 2 фази: првата е регионална, а во втората учествуваат победниците на секој регион со елиминирани екипи во првото коло на Копа Дел Реи и победникот од предходната сезона.
Во моментов се игра со 2 одиграни кола во квалификациите, вклучувајќи го и последното коло. Спорно е во 2 фази: првата е регионална, а во втората учествуваат победниците на секој регион со елиминирани екипи во првото коло на Копа Дел Реи и победникот од предходната сезона.
Клубот кој го освои "la Copa RFEF” повеќе пати е ЦД Портолано (CD Puertollano), и тоа го направи во три наврати (1994, 2006 и 2011). Со две фудбалски титули во оваа лига може да ги вброиме и клубовите: ЦД Уренсе (CD Ourense - 2008 и 2014), ФК Понтеведра (Pontevedra CF - 2007 и 2018) и ФК Реал Хаен (Real Jaén CF во 2009), и уште еден во обичен формат во 1952. СД Лемона (SD Lemona) освои второ место во два наврати (2011 и 2012).
Шампион во сезоната 2018/19 е ЦД Мирнадес (CD Mirandés), победувајќи 5:2 против УЕ Корнела (UE Cornellà). Овој клуб е шампион на 26то издание на турнирот. 
 
Давид Абенохар Гарсија-Морено
Алехандро Еспиноса Собрино
Превод: Луција Инес Квиралте

Оригиналниот напис објавен во онлајн дигиталниот весник на следниов линк.

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: В. Петрова

0 Comments

14/2/2020 0 Comments

Напишано е на знамето: ОБЕДИНУВАЊЕ

Гостин уредник - Романија
Picture
Денес се славеше обединувањето на романските кнежевства во окружната бибилиотека „Марин Преда” во Александрија, каде што учениците од гимназијата „Михај Еминеску”, презентираа уметничка програма која што го слави важниот ден, 24 јануари 1859 година.  Активноста се состоеше од рецитации, инструментална музика изведена од учениците, како и изложба на цртежи, а учениците беа координирани од страна на наставникот Мануела Карабасу.

Обединувајќи ги Молдавија и Романија, сонот се исполни, идеал по кој нашиот народ копнеел низ вековите.
„Малото обединување”, како што се наречекува, беше сложен процес во кој придонесе целата нација, а на Александру Јоан Куза му помогнаа таканаречените „соучесници”: Василе Александри, Михаил Коралницеану, И. К. Братаниу.

По тој повод, учениците од гимназијата „Михај Еминеску”, ја пренесоа историјата, илустрирајќи ја со стихови и музика, убавата страна на романскиот народ.
Picture
Со презентацијата на историјата први започнаа учениците Кристијан Калота и Теодора Гросеану, кои направија историска изложба на меѓународно-националниот контекст кој доведе до обединување на кнежевството, презентација за владетелот Александру Иоан Куза, придружена со слики и документи.

Потоа ученичката Мируна Карабасу го презентираше есејот со наслов „Страници на историјата“, во кој беше евоцирана важноста на 24 јануари 1859 година, славењето на единството на Романците, а потоа учениците од 5-то одделение рецитираа патриотски песни.

Следната активност беше посветена на музички, вокален и инструментален рецитал, во режија на наставникот Мирела Пирвулеску.

На крајот од активноста, учениците ги обединија рацете, правејќи круг со цел да го симболизираат самото обединување, носејќи исто така и мали трибојни панделки.

Автори: Мируна Карабасу (VI A), Лука Испас (VI B)

Оригиналниот натпис е објавен во дигиталниот весник на следниот линк

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: В. Петрова
0 Comments

14/2/2020 0 Comments

Годишнина на училиштето “Михај Еминеску” Александрија

Гостин уредник - Романија
Picture
Михај Еминеску е национален поет на романската нација. Поради ова, нашето училиште го користи неговото име во знак на восхитување и почитување.

15ти јануари го симболизира денот кога е роден познатиот Романски поет, тоа е датумот на радост за сите оние кои секојдневно доаѓаат во средното училиште “Михај Еминеску”, бидејќи на овој датум исто така се прославува и годишнината на училиштето. Оваа година се одбележува 123 години од основањето на оваа институција, и по тој повод беа организирани бројни настани од страна на учениците.

По тој повод на 15ти јануари, среда, беа организирани повеќе работилници со различни теми. Меѓу нив беа и оние во кои знаењата и искуствата стекнати на учениците од училиштето беа дисеминирани во двата Еразмус+ проекти. „Моето училиште, мојата иднина” – работилница за применета роботика за деца (наставници Михаела Кофалка, Корина Војку-Попеску, Џина Гросеану-Лунгу) и „Соништата може да се остварат” (наставници Нарциса Кристеа, Георгиана Гуса, Мануела Карабасу). Покрај овие, беа организирани и следниве работлиници: „Еминеску и науките” (наставници Даниела Данила, Корнелија Траила, Елена Ринеску,  Јулијана Мариус-Поп),  „Креативна фантазија од работата на неспоредливиот поет на романската литература” (наставници Кристина Минку, Флорина Думитраску), „Поспани птици” (наставници Виолета Неагу, Виолета Антониу-Марисиу), „Михај Еминеску – во очите на детето” (наставници Аурелија Иван, Виолета Албу).
Picture
На овој ден, кога се прославуваше годишнината на училиштето, родители, наставници и почестени гости учествуваа во претстава која беше организирана во празничната сала. Настанот започна со говор на директорот Богдан Дончеа, и продолжи со презентација од гостите, претставниците на локалната администрација, образовните партнери, соработниците. Заменик-градоначалникот Јоан Августин и заменик-генералниот инспектор Јулијана Станку изјавија дека се горди на постигнувањата на училиштето, им честитаа на наставниците и учениците за нивната инволвираност во настанот.

Претставата вклучуваше рецитирање на песни, народни песни и ора, како и танци, изведени од учениците од училиштата под внимателна координација на наставниците од оваа институција. На крајот на претставата одржана по повод годишнина на училиштето, беше отпеана химната на училиштето, „Ние сме Еминеску“.

Во однос на квалитетот на изведбата и настапот на учениците, забележа разновидност на моментите, талентот на учениците, како и нивната посебна посветеност во дневните училишни активности и во организираните настани, тој им честита и ги охрабрува да бидат горди што се ученици на ова училиште.

Автори: Мируна Карабасу, Ана Марија Драгу  VI A

Оригиналниот наслов е објавен во дигиталниот весник на следниот линк.

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: В. Петрова
0 Comments

4/2/2020 0 Comments

Карате клубот ШОТОКАН ЌИ ниже и успеси и медали

Гостин уредник - Србија

Picture
​Карате клубот од Ќиќевац беше прогласен за 6ти најуспешен клуб во земјата на крајот на 2019 година. Земајќи го предвид фактот дека сите други клубови кои се наоѓаат на врвот на листата доаѓаат од големи градови и општини, тоа го гледаме како голем успех за каратистите од Ќиќевац.
Во денешно време кога сѐ е дигитално ориентирано, сѐ уште има амбициозни луѓе кои сакаат да направат нешто за помладите генерации и да ги вратат децата назад на играњето, дружењето и спортските натпревари. Во Ќиќевац оваа личност е Лазар Радосављевиќ кој го основал клубот “Шотокан Ќи”. Клубот го доби своето име по стил на карате наречено – Шотокан, а Ќи е кратенка за името на нашата општина. Во моментот на основањето, Лазар тренирал веќе 13 години и сакал да го пренесе своето знаење на „некои нови деца” кои сакале да учат. Сѐ започна во февруари, 2015 година како курс, а клубот беше официјално отворен на 31.12.2015 година. Оттогаш многу деца се запишале и останале да тренираат.
Picture

​Долната старосна граница на децата кои се запишуваат е четири години, а не постои горна старосна граница. „Шотокан Ќи” е еден од најуспешните спортски клубови во општината кој се докажува со 600 освоени медали за пет години од основањето, како и двајца карате мајстори: Катарина Милосављевиќ и Иван Урошевиќ, кои се добитници на интернационални медали.
Тренинзите се одржуваат во гимназијата на училиштето за економија во Ќиќевац, три пати неделно:  во понеделник, среда и петок од 18 часот, по цена од 1000 динари месечно. Клубот, кој е 6ти во земјава по својот успех досега има 20 членови, а интересен факт е тоа дека има повеќе женски членови отколку машки.
 
Новинар: Сања Ивановиќ

Оригиналниот напис е објавен во дигиталниот весник на следниов линк.

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: В. Петрова

0 Comments

3/2/2020 0 Comments

Нашето училиште го прослави Денот на Св. Сава

Гостин уредник - Србија

Picture
Picture

​Свети Сава (1174–1236), познат како просветител, бил српски принц и православен монах, првиот Aрхиепископ на Aвтокефалната Српска Црква, основач на српското право и дипломат. Сава, роден како Растко, бил најмладиот син на големиот српски жупан Стефан Немања, но тој не сакал да остане 
на дворот на неговиот татко и да стане владетел. Заминал за Света Гора, каде станал монах со името Сава. На Атос го основал манастирот Хиландар, кој станал еден од најважните културни и религиозни центри на српскиот народ.

         Во 1219 година, Патријаршијата прогонета во Никеја го прогласила за прв српски архиепископ, а во истата година го поставил најстариот познат устав на Србија, со што се обезбедила целосна независност: како верска така и политичка. Сава се смета за основач на српската средновековна литература. Тој се смета за една од најважните фигури во историјата на Србија. Црквата Свети Сава во Белград му е посветена нему, изградена е на местото каде што Османлиите ги запалиле неговите остатоци во 1594 година. Црквата е една од најголемите црковни градби во светот. Свети Сава е заштитник на Србија, Србите и српското образование и тоа е причината зошто сите училишта во Србија го слават денот на Свети Сава секоја година на 27 јануари.

        Нашите студенти подготвија и изведоа училишна претстава во чест на Свети Сава во Центарот за култура во Ќиќевац на 27 јануари. Училишниот хор ја отвори приредбата со познатата химна на Свети Сава. Потоа хорот испеа и други песни посветени на светецот. Група од осмо одделение изведе претстава за животот на малиот Растко со семејството во нивниот дворец. Нашата ученичка Јована Јанев рецитираше позната песна за Свети Сава. Потоа, нашите ученици од трето одделение изведоа претстава и национален танц наречен „коло“. 
​

Picture
После претставата, прославата продолжи во нашето училиште „Доситеј Обрадовиќ“. Во училиштето беше пресечен религиозен празничен леб (на српски јазик наречен „колач“) во присуство на сите вработени, претставници на општината и, секако, свештеникот на црквата во Ќиќевац, која го носи името на нашиот патрон - светецот Сава.
        Што се однесува до Плочник, мало село во нашата општина, нивното селско училиште со само десет ученици исто така го прослави овој ден на убав и празничен начин. Оваа приредба исто така започна со химна за Свети Сава. Потоа, младите ученици рецитираа и глумеа во претстава и беа наградени со голем аплауз. По училишната претстава, мајките на учениците служеа разни јадења за сите. Свештеникот ја кажа молитвата и го пресече празничниот леб („колач“). Потоа луѓето избраа семејство кое ќе биде домаќин на училишната прослава следната година.
         Следната година, на 27 јануари, нè чека уште едно срдечно славење на еден од најголемите светци на нашиот народ, на кого му должиме голема почит и благодарност.

Да живееме сите во слога, со помош на Свети Сава!

Новинари – Александра Јеремиќ и Мина Стојановиќ

Оригиналниот напис објавен во онлајн дигиталниот весник на следниов линк.

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: В. Петрова

0 Comments

29/1/2020 0 Comments

Поништувањето на учебната година, часот по физичко и одделенски час – се лажни вести

Гостин уредник Хрватска
Picture
Fake news – како да ги препознаеме дознаваме од публикацијата Fake ≠ Fact
Утре конечно се враќаме на училиште, па ќе дознаеме точно кога и како ќе се надомести за пропуштените часови, сепак она што веќе ни е познато е дека во врска со штрајкот се ширеа различни лажни вести, или како што се почесто се нарекуваат fake news. Некои од нив се ширеа и на социјалните мрежи кои ги читаме и ние. Тие лажни вести говореа како поради надоместувањето на часовите, часовите по физичко, како и одделенскиот час ќе бидат прекинати. Имаше и лажни вести дека учебната година ќе биде поништена. 
Треба да се напомене дека најважната цел на ваквите лажни вести е да заработат пари. Медиумите на интернет заработуваат пари од кликања, а лажните вести и бомбастичните наслови се многу примамливи.
Picture
Оваа пригода ќе ја искористиме за да ви го покажеме најлесниот начин да забележите лажни вести. Корисните совети можете да ги најдете во публикацијата Fake ≠ Fact. Оваа публикација е направена во Шведска и беше преведена оваа година како дел од одбележувањето на денот на медиумската писменост. Тие детално ги разработија сите совети, но ние ќе ви ги претставиме најважните.
Секогаш треба да го проверите изворот на информацијата. Ова може да се направи со копирање на насловот или дури и целата реченица од оригиналот на одредена веб-страница и залепување на истите во лентата за пребарување со наводници на почетокот и крајот на реченицата. На овој начин, можно е да се дојде до изворот на информации и да се провери што велат другите извори за темата. Исто така е важно да се провери кога се појавија информациите и дали тие се актуелни, или има понови сознанија за оваа тема.
Што се однесува до фотографиите, тие може да се проверат со кликнување на десното копче од глувчето на сликата и со избирање на опцијата "Пребарај слика со Google". Користејќи ја веб-алатката TinEye https://tineye.com/, можете да го внесете URL-то на сликата и да проверите каде сѐ таа слика е користена.
Picture
За видео материјали, авторите на публикацијата Fake ≠ Fact препорачуваат да се обрне внимание на квалитетот на видео клипот и одговорното лице за неговото поставување. Дополнителни индиции може да бидат и коментарите под видеото.
Кога станува збор за аудио снимките, тие велат дека е тешко да се утврди дали снимката е автентична, но името на датотеката може да биде вистински показател.

 Леа Хрча 7. б; Слика: Преземено од интернет 

Оригиналниот напис е достапен на онлајн дигиталниот весник Klinček и може да се најде на следниов линк.

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: В. Петрова
0 Comments

29/1/2020 0 Comments

И учениците организираа штрајк

Гостин уредник Хрватска

Picture
Успешен штрајк организиран од учениците од Славонски Брод, Карловац и Пула во 2013 година.
Зборот штрајк е многу присутен во денешно време, и бидејќи влијае на секојдневните животни околности на нашите ученици, одлучивме да објасниме подетално што значи да се штрајкува. Исто така, истражувајќи, дознавме дека најдолгиот штрајк во историјата е поврзан со образованието, и дозвнавме дека хрватските ученици организирале штрајк.

Според enciklopedija.hr, „Штрајкот е конфликт помеѓу вработените и работодавачите во кој вработените со планирано, организирано и колективно прекинување на работата, настојуваат да изнудат отстапки од работодавачот и да го принудат да ги прифати нивните барања.“

Најчестите причини за штрајковите се незадоволството од платите или, пак, условите за работа, како и отпуштањето на работниците.
Picture
Одбивањето да се работи е забележано во антички Египет и Рим, но најголемиот број штрајкови се случиле кон крајот на XIX-тиот век и во првата половина на XX-тиот век. Во тоа време здруженијата за работници и синдикатите, кои им помагале на работниците да се борат за своите права, се засилиле. Во XIX-тиот век, во ерата на забрзана индустриjализација, работниците работеле од 12 до 18 часа, па дури и децата биле принудени да работат во нехумани услови за работа. Во тоа време, штрајкувачките движења најмногу ја погодија Америка. Во некои случаи штрајковите дури и прераснле во големи улични немири.
Picture
Штрајк на учениците од медицинското училиште во Пула

​Денот на трудот, кој го одбележуваме на 1-ви Мај, е спомен на еден ваков голем штрајк кој прераснал во немири. Овој штрајк се претворил во протест, во кој околу 40.000 луѓе во Чикаго барале три “8-мици”, те. тие побарале 8 часови работа, 8 часови одмор и 8 часови за култура и образование. Во тој протест, полицијата убила шесмина и ранила 50 работници. Петмина биле осудени на смртна казна, а тројца на долготраен затвор.
Picture
Најдолгиот штрајк во историјата траел 25 години
Според веб-поратлот „h-alter“, првиот генерален штрајк во Хрватска бил одржан во Осиек во 1905 година. Штрајкот бил започнат во април од работниците во фабриката „Kaiser and Povishil“, а во мај штрајкот бил прифатен од работниците од речиси сите фабрики во Осиек, така што околу 2500 до 3000 луѓе марширале низ центарот на Осиек. 

Она што го дознавме од медиумите е фактот дека штрајкот не мора да биде организиран само од страна на вработените. Хрватскиот дневен весник „Jutarnji list” во 2013 година пишуваше за штрајкот организиран од учениците од медицинското училиште Осиек. Учениците одлучија да не присуствуваат на часовите, по бројните неуспешни предупредувања за несоодветните услови во кои се одржуваа предавањата и праксата.  Штрајкот на учениците заврши по 5 дена, а нивните барања беа исполнети, организацијата на предавањата и праксата беше подобрена. Ова не беше единствениот ученички штрајк на медицинските училишта таа година. Истата година, ученички штрајк се одржа и во Пула и Карловац, и сите завршија поволно за учениците. Промените кои ги бараа учениците, се случија најпосле.
​
На
Википедија откривме дека најдолгиот штрајк во светот исто така е поврзан со школството. Тој штрајк траел од 1914 година до 1939 година, и тоа во местото Бурстон, во округот Норфолк, Англија. Започнал како подршка на наставниците Том и Ени Хиџон кои биле отпуштени бидејќи предупредувале за несоодветните услови во училиштето. Отпуштените наставници биле подржани од ученици и родители, и се основало ново училиште кое го воделе отпуштените наставници. На почетокот училишните предавања биле одржувани на зелениот пазар во градот, а потоа благодарение на локалните донации, било изградено ново училиште. Училиштето работело сѐ до смртта на Том, а потоа престанало да работи и станало музеј посветен на најдолгиот штрајк во светот. По смртта на Том, сите ученици повторно почнале да одат во општинското училиште.



Леона Пеклиќ, 8.a; Слика: преземено од интернет.
Picture
Оригиналниот напис е достапен на онлајн дигиталниот весник Klinček и може да се најде на следниов линк.

Превод на натписот: Б.Јанчевска
Едитирање: В. Петрова
0 Comments
    Претходно: 2019, Декември
    следно: 2020 фебруари

    Archives

    February 2020
    January 2020

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.