29/1/2020 0 Comments Поништувањето на учебната година, часот по физичко и одделенски час – се лажни вестиГостин уредник Хрватска Fake news – како да ги препознаеме дознаваме од публикацијата Fake ≠ Fact Утре конечно се враќаме на училиште, па ќе дознаеме точно кога и како ќе се надомести за пропуштените часови, сепак она што веќе ни е познато е дека во врска со штрајкот се ширеа различни лажни вести, или како што се почесто се нарекуваат fake news. Некои од нив се ширеа и на социјалните мрежи кои ги читаме и ние. Тие лажни вести говореа како поради надоместувањето на часовите, часовите по физичко, како и одделенскиот час ќе бидат прекинати. Имаше и лажни вести дека учебната година ќе биде поништена. Треба да се напомене дека најважната цел на ваквите лажни вести е да заработат пари. Медиумите на интернет заработуваат пари од кликања, а лажните вести и бомбастичните наслови се многу примамливи. Оваа пригода ќе ја искористиме за да ви го покажеме најлесниот начин да забележите лажни вести. Корисните совети можете да ги најдете во публикацијата Fake ≠ Fact. Оваа публикација е направена во Шведска и беше преведена оваа година како дел од одбележувањето на денот на медиумската писменост. Тие детално ги разработија сите совети, но ние ќе ви ги претставиме најважните. Секогаш треба да го проверите изворот на информацијата. Ова може да се направи со копирање на насловот или дури и целата реченица од оригиналот на одредена веб-страница и залепување на истите во лентата за пребарување со наводници на почетокот и крајот на реченицата. На овој начин, можно е да се дојде до изворот на информации и да се провери што велат другите извори за темата. Исто така е важно да се провери кога се појавија информациите и дали тие се актуелни, или има понови сознанија за оваа тема. Што се однесува до фотографиите, тие може да се проверат со кликнување на десното копче од глувчето на сликата и со избирање на опцијата "Пребарај слика со Google". Користејќи ја веб-алатката TinEye https://tineye.com/, можете да го внесете URL-то на сликата и да проверите каде сѐ таа слика е користена. За видео материјали, авторите на публикацијата Fake ≠ Fact препорачуваат да се обрне внимание на квалитетот на видео клипот и одговорното лице за неговото поставување. Дополнителни индиции може да бидат и коментарите под видеото.
Кога станува збор за аудио снимките, тие велат дека е тешко да се утврди дали снимката е автентична, но името на датотеката може да биде вистински показател. Леа Хрча 7. б; Слика: Преземено од интернет Оригиналниот напис е достапен на онлајн дигиталниот весник Klinček и може да се најде на следниов линк. Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: В. Петрова
0 Comments
29/1/2020 0 Comments И учениците организираа штрајкГостин уредник ХрватскаУспешен штрајк организиран од учениците од Славонски Брод, Карловац и Пула во 2013 година. Зборот штрајк е многу присутен во денешно време, и бидејќи влијае на секојдневните животни околности на нашите ученици, одлучивме да објасниме подетално што значи да се штрајкува. Исто така, истражувајќи, дознавме дека најдолгиот штрајк во историјата е поврзан со образованието, и дозвнавме дека хрватските ученици организирале штрајк. Според enciklopedija.hr, „Штрајкот е конфликт помеѓу вработените и работодавачите во кој вработените со планирано, организирано и колективно прекинување на работата, настојуваат да изнудат отстапки од работодавачот и да го принудат да ги прифати нивните барања.“ Најчестите причини за штрајковите се незадоволството од платите или, пак, условите за работа, како и отпуштањето на работниците. Одбивањето да се работи е забележано во антички Египет и Рим, но најголемиот број штрајкови се случиле кон крајот на XIX-тиот век и во првата половина на XX-тиот век. Во тоа време здруженијата за работници и синдикатите, кои им помагале на работниците да се борат за своите права, се засилиле. Во XIX-тиот век, во ерата на забрзана индустриjализација, работниците работеле од 12 до 18 часа, па дури и децата биле принудени да работат во нехумани услови за работа. Во тоа време, штрајкувачките движења најмногу ја погодија Америка. Во некои случаи штрајковите дури и прераснле во големи улични немири. Денот на трудот, кој го одбележуваме на 1-ви Мај, е спомен на еден ваков голем штрајк кој прераснал во немири. Овој штрајк се претворил во протест, во кој околу 40.000 луѓе во Чикаго барале три “8-мици”, те. тие побарале 8 часови работа, 8 часови одмор и 8 часови за култура и образование. Во тој протест, полицијата убила шесмина и ранила 50 работници. Петмина биле осудени на смртна казна, а тројца на долготраен затвор. Најдолгиот штрајк во историјата траел 25 години Според веб-поратлот „h-alter“, првиот генерален штрајк во Хрватска бил одржан во Осиек во 1905 година. Штрајкот бил започнат во април од работниците во фабриката „Kaiser and Povishil“, а во мај штрајкот бил прифатен од работниците од речиси сите фабрики во Осиек, така што околу 2500 до 3000 луѓе марширале низ центарот на Осиек. Она што го дознавме од медиумите е фактот дека штрајкот не мора да биде организиран само од страна на вработените. Хрватскиот дневен весник „Jutarnji list” во 2013 година пишуваше за штрајкот организиран од учениците од медицинското училиште Осиек. Учениците одлучија да не присуствуваат на часовите, по бројните неуспешни предупредувања за несоодветните услови во кои се одржуваа предавањата и праксата. Штрајкот на учениците заврши по 5 дена, а нивните барања беа исполнети, организацијата на предавањата и праксата беше подобрена. Ова не беше единствениот ученички штрајк на медицинските училишта таа година. Истата година, ученички штрајк се одржа и во Пула и Карловац, и сите завршија поволно за учениците. Промените кои ги бараа учениците, се случија најпосле. На Википедија откривме дека најдолгиот штрајк во светот исто така е поврзан со школството. Тој штрајк траел од 1914 година до 1939 година, и тоа во местото Бурстон, во округот Норфолк, Англија. Започнал како подршка на наставниците Том и Ени Хиџон кои биле отпуштени бидејќи предупредувале за несоодветните услови во училиштето. Отпуштените наставници биле подржани од ученици и родители, и се основало ново училиште кое го воделе отпуштените наставници. На почетокот училишните предавања биле одржувани на зелениот пазар во градот, а потоа благодарение на локалните донации, било изградено ново училиште. Училиштето работело сѐ до смртта на Том, а потоа престанало да работи и станало музеј посветен на најдолгиот штрајк во светот. По смртта на Том, сите ученици повторно почнале да одат во општинското училиште. Леона Пеклиќ, 8.a; Слика: преземено од интернет. Оригиналниот напис е достапен на онлајн дигиталниот весник Klinček и може да се најде на следниов линк.
Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: В. Петрова |
ArchivesCategories |