29/1/2020 0 Comments Поништувањето на учебната година, часот по физичко и одделенски час – се лажни вестиГостин уредник Хрватска Fake news – како да ги препознаеме дознаваме од публикацијата Fake ≠ Fact Утре конечно се враќаме на училиште, па ќе дознаеме точно кога и како ќе се надомести за пропуштените часови, сепак она што веќе ни е познато е дека во врска со штрајкот се ширеа различни лажни вести, или како што се почесто се нарекуваат fake news. Некои од нив се ширеа и на социјалните мрежи кои ги читаме и ние. Тие лажни вести говореа како поради надоместувањето на часовите, часовите по физичко, како и одделенскиот час ќе бидат прекинати. Имаше и лажни вести дека учебната година ќе биде поништена. Треба да се напомене дека најважната цел на ваквите лажни вести е да заработат пари. Медиумите на интернет заработуваат пари од кликања, а лажните вести и бомбастичните наслови се многу примамливи. Оваа пригода ќе ја искористиме за да ви го покажеме најлесниот начин да забележите лажни вести. Корисните совети можете да ги најдете во публикацијата Fake ≠ Fact. Оваа публикација е направена во Шведска и беше преведена оваа година како дел од одбележувањето на денот на медиумската писменост. Тие детално ги разработија сите совети, но ние ќе ви ги претставиме најважните. Секогаш треба да го проверите изворот на информацијата. Ова може да се направи со копирање на насловот или дури и целата реченица од оригиналот на одредена веб-страница и залепување на истите во лентата за пребарување со наводници на почетокот и крајот на реченицата. На овој начин, можно е да се дојде до изворот на информации и да се провери што велат другите извори за темата. Исто така е важно да се провери кога се појавија информациите и дали тие се актуелни, или има понови сознанија за оваа тема. Што се однесува до фотографиите, тие може да се проверат со кликнување на десното копче од глувчето на сликата и со избирање на опцијата "Пребарај слика со Google". Користејќи ја веб-алатката TinEye https://tineye.com/, можете да го внесете URL-то на сликата и да проверите каде сѐ таа слика е користена. За видео материјали, авторите на публикацијата Fake ≠ Fact препорачуваат да се обрне внимание на квалитетот на видео клипот и одговорното лице за неговото поставување. Дополнителни индиции може да бидат и коментарите под видеото.
Кога станува збор за аудио снимките, тие велат дека е тешко да се утврди дали снимката е автентична, но името на датотеката може да биде вистински показател. Леа Хрча 7. б; Слика: Преземено од интернет Оригиналниот напис е достапен на онлајн дигиталниот весник Klinček и може да се најде на следниов линк. Превод на натписот: Б.Јанчевска Едитирање: В. Петрова
0 Comments
Leave a Reply. |
ArchivesCategories |