27/12/2020 0 Comments Шестоодделенците во улога на новинариНа 21.12.2020 година беше реализирана работилницата под наслов ”Медија тренинг“ за време на одделенскиот час во VI-6 одд. од страна на одделенскиот раководител, Мирослава Павлова-Аневска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Целта на оваа работилница беше учениците да се запознаат со новинарството, начинот на создавање новинарски текст и какво новинарство и новинарски напис постои. По следењето на онлајн презентацијата од самата работилница и реализираната дискусија на темата, учениците работеа на зададените задачи, поточно пишување на новинарски натписи. Беа избрани три теми за натписите и тоа: „Состојбата со Ковид 19 во нашата населба“, „Ковид 19 и како нашата населба се справува со вирусот“ и „Трендот на читање манги кај помладата популација“. Автор: Калина Граорковска VI-6
Фото: screenshots од онлајн часот
0 Comments
|