На 21.12.2020 година беше реализирана работилница на тема „Дигитална драма“, предвидена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Со цел остварување на планираната меѓуучилишна соработка со основно училиште на локално ниво, работилницата ја реализираше нашиот психолог, Аделина Давидовска , во текот на одделенскиот онлајн час за учениците од IX-1 одд. од ООУ „Гоце Делчев“ Скопје, по претходно заемен договор со нивниот одделенски наставник. Целта беше учениците да се поттикнат да не толерираат насилство на интернет и со сопствен пример да промовираат позитивни меѓусебни врснички односи во виртуелниот и во секојдневниот живот. Учениците следеа презентација и гледаа краток филм, а потоа следеше дискусија за правилно соочување со дигитална драма. На крај учениците споделија правила како треба да се однесуваат на интернет за да избегнат конфликт и насилство на интернет.
Автор: Аделина Давидовска-психолог Фото: screenshots од онлајн часот
0 Comments
|