Л.А. ИН-ФОРМАТОР
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
Search by typing & pressing enter

YOUR CART

13/12/2020 0 Comments

Учениците од ООУ „Александар Македонски“ учеа за авторските права

На 11.12.2020 година беше реализирана работилницата „Авторски права“, предвидена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Со цел остварување на планираната меѓуучилишна соработка со основно училиште на локално ниво, работилницата ја реализираше м-р Благица Ангеловска, библиотекар на нашето училиште, во текот на дополнителниот онлајн час за учениците од VII-2 одд. од ООУ „Александар Македонски“ – Скопје, по претходно заемен договор со нивниот одделенски раководител Александра Наџинска Ефремова.
Picture
Picture
Picture
Picture
​Целите на работилницата „Авторски права“ беа да се запознаат учесниците на работилницата со поимот авторски права, да научат дека и нематеријалното добро (на пр.: книжевно дело, уметничка слика, филм и сл.) е производ на нечиј труд којшто треба да му биде признаен и/или платен, како и за материјалното добро, да се предупредат дека појавите на плагијат и пиратерија како нелегални дејствија им нанесуваат штета на авторите и да им се посочат можностите за почитување на авторските права во секојдневните активности во училиштето, како и надвор од него. 
Picture
Picture
Picture
Picture
​По презентирањето на основните податоци и факти за постигнување на планираните цели, учениците добија задачи да го применат наученото и да го презентираат во текот на работилницата. Тие дадоа примери преку коишто ги наведоа потребните податоци за користење на печатени книжевни изданија и изданија во нивната електронска форма. Во развиената дискусија со учениците, им беа дадени насоки како во иднина да користат легални интернет сајтови за потребите на наставните содржини, како и за нивните секојдневни потреби.
Picture
Picture
Picture
Picture
Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк

Автор: библиотекар Благица Ангеловска
Фото: screenshots од онлајн часот
0 Comments



Leave a Reply.

    претходно: Концептот на идеалн изглед и притисокот да се изгледа идеално
    следно: Седмооделенците учеа како да ги почитуваат авторските права

    Archives

    December 2020

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.