Л.А. ИН-ФОРМАТОР
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Април
    • 2021, Март
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Април
    • 2021, Март
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
Search by typing & pressing enter

YOUR CART

5/11/2020 0 Comments

Успесите на учениците во Лазо Ангеловски дури и во Корона пандемија

Една од ученичките од нашето училиште, која учествуваше на онлајн натпреварите кои се одржаа во последниот период и покрај Корона пандемијата, е Катерина Иванова од 8-6 одделение. Таа учествуваше на натпревар по биологија и освои 3 награда на регионалниот и на државниот натпревар. Ученичката која освои 1 награда на регионалниот и на државниот натпревар по биологија е исто така ученичка од нашето училиште ООУ „Лазо Ангеловски“, а нејзиното име е Теона Тренеска од 8-5. Регионалниот натпревар се одржа на 26.08.2020, додека државниот се оддржа на 28.9.2020. Преку нивните одговори на прашањата на новинарите од Медиумската секција ќе дознаеме какво е искуството да се учествува на онлајн натпревар. 
Picture
Л.А. Ин-форматор: Како се чувствувавте пред почетокот и за време на онлајн натпреварот по биологија?

К.И.: Пред почетокот и за време на онлајн натпреварот јас се чувствував многу исплашено, бидејќи се се случуваше по прв пат и немав никакво претходно искуство како ќе се одвива натпреварот. 
Т.Т.: Се чувстував малку возбудено, бидејќи онлајн натпреварот беше малку поразличен.

Л.А. Ин-форматор: Како се чувствуваш по возбудливо и на каков тип натпревар сакаш повеке да одиш, со физичко присуство или онлајн?

К.И.:  По возбудливо се чувствувам кога одам на натпревари со физичко присуство. Јас имам поголема желба да одам на натпревари со физичко присуство, бидејќи имам поголемо искуство со нив.
Т.Т.:  На натпревар со физичко присуство се чувствувам по возбудено. Двата вида на натпревари се интересни, но мислам дека повеќе ми се допаѓа натпревар со физичко присуство.

ЛА. Ин-форматор: Дали пред натпреварот имавте некакво спремање од страна на наставниците? 

К.И.: Спремањето за натпреварот се одвиваше само со испраќање на податоци од страна на наставниците. Не се оддржуваа никакви подготовки за натпреварот помеѓу нас учениците и наставниците.
Т.Т.:  Да, наставничката ми прати прашања за вежбање преку меил.

ЛА. Ин-форматор: Од колку прашања се состоеше тестот на регионалниот натпревар, а од колку државниот и колку време траеа истите?

К.И. и Т.Т.: Регионалниот натпревар се состоеше од педесет прашања, додека државниот натпревар се состоеше од четириесет и седум прашања. Натпреварот траеше педесет минути и плус петнаесет минути за најава и прашања пред натпреварот.

ЛА. Ин-форматор: За колку време и какви резултати доби на натпреварот?

К.И.: Јас и останатите учесници ги добивме резултатите релативно брзо. Резултатите од регионалниот натпревар ги добив истиот ден додека резултатите од државниот натпревар за два дена. Јас добив многу добри резултати, односно триесет и два бода на регионалниот и триесет и четири бода на државниот натпревар по биологија на кој што учествував, освојувајќи трета награда во двата натпревари.
Т.Т.:  Резултати добив преку меил еден ден по натпреварот. Бев прво место на двата натпревари.

ЛА. Ин-форматор: Какви прашања имаше на натпреварот во кој што учествувавте вие?

К.И.: Имаше доста логички прашања, но повеќето прашања беа од учебниците за шесто, седмо и осмо одделение.
Т.Т.:  Прашањата на натпреварите беа главно на заокружување, а на некои требаше и да се дополни. Меѓу прашања имаше и задачи во кои се бараше само конечниот резултат.
Picture
ЛА. Ин-форматор: Дали имаше присутни наставници од нашето училиште ООУ „Лазо Ангеловски“?

К.И.: На натпреварот немаше присутни наставници од нашето училиште, но имаше присутни наставници од повеќе факултети, а имаше и присутни наставници од Македонското Биолошко Друштво
Т.Т.: Присутни наставници на Zoom meeting-от од нашето училиште мислам дека немаше.

ЛА. Ин-форматор: Дали имаш поголема желба да присуствуваш на натпревари со физичко присуство или онлајн преку слушање и гледање?

К.И.: Имам поголема желба да присуствувам на натпревари со физичко присуство, а една од причините поради тоа е дека на онлајн натпреварите постојат шанси за секакви мамења преку различни страници. 
Т.Т.: Повеќе сакам да присуствувам на натпревари со физичко присуство бидејќи има повеќе време за одговарање на прашањата, додека на онлајн натпреварите има пократки прашања, но со помалку време.
Picture
Picture
ЛА. Ин-форматор: Каде бевте приклучени за да го решавате тестот од натпреварот?

К.И.и Т.Т.:
За камера и микрофон бевме приклучени на Zoom, а тестот го решававме преку онлајн страницата Classmarker.

ЛА. Ин-форматор: Кои беа правилата на натпреварот?

К.А.:
Правилата на натпреварот беа: поставување на прашања само пред почетокот на натпреварот, микрофонот и камерата мора да бидат вклучени цело време, како и правилото дека никој друг несмее да биде присутен во просторијата освен ученикот. 

Т.Т.:
На натпреварот беше забрането исклучување од Zoom meeting-от повеќе од 2 минути (со тоа тестот се затвара). Започнувањето на тестот може да биде најкасно 5 минути по неговото прикачување на ClassMaker (времето за решавање истекува индивидуално за секој ученик). Исто така не беше дозволено враќање на претходно прашање.


Автор: Д.Божиќ (8-6)

Фото: интернет 




0 Comments



Leave a Reply.

    претходно: млад и талентиран
    следно: Ураните херои од серијата Зоки Поки

    Archives

    November 2020

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.