Секое време си носи свои херои. Така и нашето време носи модерни урбани херои. Ние како ученици имаме среќа токму во нашето време да се сними ТВ серија според омилената книга на многу деца, а тоа е приказната за „Зоки Поки“ на писателката Оливера Николова. Книгата „Зоки Поки“ за првпат е објавена во 1963 година, а повеќе од половина век е задолжителна лектира за учениците во основните училишта. Истата е преведена на повеќе јазици: српски, романски, украински, чешки, италијанкси, словенечки, турски, албански и германски јазик.
Серијалот е составен од 10 епизоди на интересни случувања од секојдневниот живот. Серијалот е снимен во продукција на „Кино Око“, а се емитуваше на МРТ националниот сервис како продуцент се запишува Роберт Насков.
Ние го имаме тоа задоволство да ги интервјуираме токму некои од ликовите во „Зоки Поки“: Анастасија Аневска, која е позната како Лидија и Матеј Зимбаков, познат како Гоки. Анастасија има 12 години и е ученик во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, а Матеј има 10 години и е ученик во нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски“. Интервјуто следи во продолжение каде тие одговараат на неколку прашања поврзани со снимањето на серијата.
Л.А. Ин-форматор: Од кога и како ви се роди идеата за глума?
А.А.: Уште кога бев мала ми се роди идејата да одам на глума бидејќи од секогаш ме исполнуваше глумењето и ме правеше да бидам среќна, радосна, весела и уште многу многу други чуства. М.З.: Идеата за глума ми се роди од желбата да станам познат детски актер и во тоа успеав со тоа што имав шанса да дојдат луѓе за кастинг во училиштето во кое што учам, за да примат деца-глумци за да се снима детска серија. Л.А. Ин-форматор: Дали претходно сте биле член на некоја секција/група за глума? Доколку одговорот е да, во која? А.А.: Јас сум член на драмска секција веќе 3-4 години. Се вика „Детски свет“ во театар Комедија кај Магдалена Ризова. М.З.: Не, не сум бил во друга секција, но одев на драмска секција во моето училиште. Л.А. Ин-форматор: Дали ова е прв пат да глумите во серија или сте глумеле во некоја друга серија или филм претходно? А.А.: Не ми е прв пат да глумам во ваков проект. Имам глумено во 2, а наскоро 3 кратки филма: „Налепница“ и „Скопје 2020“, имам исто така снимено три реклами: „Риско“, реклама за УНИЦЕФ како и реклама за Стопанска Банка. Имам и учевствувано во две претстави во Драмски театар: „Фестен“ и „Човек Перница“ како и многу претстави заедно со мојата група од драмската секција во театар Комедија. Сите овие проекти би ви ги препорачала да ги гледате вклучувајќи ги и детските цртани филмови на каналот Pikaboo на Телевизија каде имам синхронизирано многу детски ликови како „Dora the explorer“, ,,Odd squad", ,,Paw patrol" и многу други. М.З.: Да, ова ми е прв пат да глумам во серија. Л.А. Ин-форматор: Како се пријавивте за учество во серијата Зоки Поки? А.А.: Јас одпрвин не знаев дека ќе се снима серијата Зоки Поки така што не знаев дека ќе има кастинг, но еднаш на мојот час по глума моите наставнички ме запознаа со тој проект во кој на крај учествував и беше едно големо прекрасно искуство. М.З.: Јас се пријавив за Зоки Поки така што дојдоа луѓе за кастинг во моето училиште и ни дадоа мали листови на кои пишуваше „Дали сакаш да учествуваш во серијата Зоки Поки?“.
Л.А. Ин-форматор: Кој лик го глумите во серијата?
А.А.: Во серијата Зоки Поки ја глумев улогата на Лидија. М.З.: Во серијата Зоки Поки јас го глумев ликот на Гоки. Л.А. Ин-форматор: Од колку епизоди се состои серијата Зоки Поки? А.А. И М.З.: Првата сезона на Зоки Поки се состои од 10 убави епизоди. Л.А. Ин-форматор: Колку време траеше снимањето на една епизода и колку траеше снимањето на целата серија? А.А. и М.З.: Кога требаше да се снима една епизода тоа траеше од прилика 4 или 5 дена, но за да се сними целата серија потребни ни беа 1 до 2 месеци. Л.А. Ин-форматор: На кои се локации се одвиваше снимањето на серијата? Која локација ви беше омилена? А.А.: Снимањето се одвиваше на повеќе локации, како во училиштето „Петар Поп Арсов“, во зградата на Зоки Поки, паркови па дури и во гаража каде беше снимена 1 или 2 сцени во 3та епизода од серијата. Од сите овие локации најмногу ми се допадна кога снимавме во паркови и игралишта бидејќи имаше прекрасна глетка додека ние работевме, но исто така и ми се допадна кога снимавме во „страшниот“ подрум во 3та епизода. М.З.: Локациите каде што се одвиваше снимањето на серијата Зоки Поки беа во: училиштето „Петар Поп Арсов“, зоолошката градина, Водно, близу центар, а омилена локација ми беше кога снимавме во училиштето „Петар Поп Арсов“. Л.А. Ин-форматор: Кажете ни за некоја случка од снимањето која ќе ја паметите засекогаш (смешен или тажен момент/ситиација или сл). А.А.: Имаше многу драгоцени случки кои ќе ги запаметам, но најмногу ми се допаднаа две. Првата беше кога се снимаше 1та епизода во „Театар за деца и младинци“ кога требаше да јадеме сите торта славејќи го роденденот на Зоки, а особено ми беше многу смешно кога на Гоки лицето беше покриено во торта бидејќи Боки ја удри во него. Имаше и уште еден момент кога бевме сите тажни и среќни истовремено, а тоа беше последниот ден од снимањето. Сите бевме среќни, но и сите тажни знејќи дека нема повеќе да се гледаме секој ден и да уживаме снимајќи бидејќи тоа за нас беше забава. Сите си подаривме подароци и помалку, но многу малку плачевме. М.З.: Смешна случка од снимањето беше кога јас се криев под кревет за да ме нема во кадар, а потоа сите викаа „Гоки под кревет, Гоки под кревет“. Л.А. Ин-форматор: Дали останавте во контакт со некои од другите глумци после снимањето? А.А.: После снимањето сите останавме во контакт јас, Зоки, Гоки и Боки. Сите се спријателивме за тие 1-2 месеца и бевме пресреќни што ќе се дружиме и понатаму. М.З.: Да, останавме во контакт со неколку глумци од снимањето. Л.А. Ин-форматор: Дали глумата ве усреќува. (Ако да на кој начин?) А.А.: Мене глумата се разбира дека ме усреќува. Најлесен начин да ви објаснам како се чувствував е преку ситуација во која сите сме биле. Како например: кога ќе нзавршиме со пишување на домашната задача или кога ќе си ја изедеме чинијата од овошје и зеленчук или кога нема да направиме нешто лошо и ќе му помогнеме на друг, сите се чувствуваме убаво на некој начин, сите се чуствуваме исполенто и гордо. Така и јас се чуствувам кога мојата публика ќе биде задоволна на тоа што го слушнала и видела и кога ќе даде еден громогласен аплауз. Тоа е како награда на твојата работа на која си вежбал толку долго. Но исто така и освен тоа задоволство секогаш ќе остане и чуството на среќа бидејќи на сцената или локацијата каде глумиш можеш да бидеш слободен и да правиш што и да сакаш. Можеш да глумиш и да се опуштиш правејќи работи кои се сметаат за луди само поради тоа што се невообичаени. Јас секогаш ги чувствувам тие две чувства бидејќи тоа е доволно за јас да продолжам да глумам. М.З.: Да, мене глумата ме усреќува бидејќи можеш да имаш нови пријатели. Еднаш на снимањето дојде и претседателот, а исто така се случија и многу други работи. Л.А. Ин-форматор: Дали повторно би се пријавиле за глума во некој друг филм или серија, кои се вашите планови за во иднина на ова поле? А.А.: Како што напоменав јас веќе започнав со снимање на уште еден голем проект наречен „Стела и Сани“ во кој јас сум Стела. Тоа е првиот анимиран цртан во нашата држава направен тука и сум многу благодарна дека можам да учевствувам во него и да пеам песнички од кои повеќето ги нема на македоснки јазик. Тие исто така може да ги погледнете на YouTube каналот за Стела и Сани каде има веќе излезено 2 песнички. Имам веќе завршено снимање на филм, кој наскоро се надевам ќе излезе: „Белиот зајак“. Како и секогаш се надевам дека и наскоро ќе продолжам да одам во мојата драмска секција и веќе започнав да синхронизирам многу други цртани филмови на каналот Pikaboo заедно со студио „Кларион“. М.З.: Да, јас би се пријавил доколку ме викнат да снимам повторно. Исто така би сакал да глумам и во друга серија.
Сите епизоди од серијалот се достапни на нивната официјална веб страна на следниот линк, како и на YouTube каналот. Автори: Д.Божиќ (8-6), М.Кузмановска и К.Петрушевски (5-1) Фото: интернет
0 Comments
Leave a Reply. |