Л.А. ИН-ФОРМАТОР
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
Search by typing & pressing enter

YOUR CART

17/12/2020 0 Comments

Петтооделенците дискутираа за улогата на фотографијата во медиумите

​На 16.12.2020 година на часот по македонски јазик во V-1 одделение од страна на наставничката Магдалена Петреска беше реализирана онлајн работилница на тема „Моќта на сликата“, која е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утреЌ.  Целта на оваа работилница беше да се разгледаат фотографии/слики  и да се објасни нивната улога во пренесување на медиумската порака. Секоја фотографија има одредена порака која треба да се разбере а сето тоа зависи од личните искуства, вредности и верувања на секоја личност.
Picture
Picture
​На почетокот започнавме со дискусија за нашите омилени  реклами, дали се видени на ТВ каков впечаток ни оставиле, дали не поттикнале да купиме одреден производ, дали содржината на рекламата или самите ликови се подоминантни. Беа презентирани фотографии, со познати ликови, со цел да привлечат  повеќе внимание.
Picture
​Информациите кои ни се пренесени преку фотографиите понекогаш имаат и манипулативна цел, затоа треба секогаш да бидеме многу внимателни.
Picture
​Продолживме со разгледување на фотографии кои се употребуваат за рекламирање на одредени производи, дали тие поттикнуваат  интерес кај купувачите и колкаво е нивното влијание, дали одреден производ  треба да се купи. Секоја фотографија има своја порака.
Picture
Работилницата  продолжи  со појаснување на двата вида едитирање, ТЕХНИЧКО и КРЕАТИВНО.
Picture
Picture
​Дискусијата продолжи со појаснување на креативното едитирање односно тоа се употребува како уметничка форма со цел сликите да бидат повпечатливи, да привлечат повеќе внимание, особено при рекламирање на одредени производи.
Picture
​Исто така многу важно е да се знае како е направена одредена фотографија,  со какво осветлување, боја, композиција, дали е направена од професионален фотограф бидејќи ефектот не е ист.
Picture
​Новинарите често ги користат фотографиите за да ги стимулираат вниманието и љубопитноста на медиумските корисници. Меѓутоа емотивното влијание на фотографијата/сликата врз личноста често зависи од неговите верувања, вредности и искуства. На пример, сите слики со деца имаат големо влијание врз мајките.
Picture
​Понекогаш одредени фотографии се наменети за определена целна група со цел да го привлечат нивното внимание, за да рекламираниот  производ биде продаден.
Picture
​Моќта на фотографиите/сликите во медиумите е огромна и наоѓа примена во нашиот  секојдневен живот. Секоја фотографија има своја порака и води кон одредена цел, таа “руши дури и ѕидови”.
Picture
​Потоа работевме на задачите од работилницата во кои ни беа презентирани фотографии, и дискутиравме дали се сликани случајно или со добро дефинирана цел, која е нивната рекламна содржина. Одредени фотографии се техничко или креативно едитирани за да привлечат повеќе внимание, и да испратат моќна порака на потрошувачите.  Фотографиите често  се изработени со добро дефинирана цел, а  некои се автентични.
 
Од работилница можеме да заклучиме дека секоја фотографија/слика носи во себе моќна порака која е наменета за крајните потрошувачи.
 
Автор: Андреј Митев V-1 одд.
Фото: PrintScreen од онлајн настава 
0 Comments



Leave a Reply.

    претходно: Шестоодделенците учеа за рекламен постер
    следно: Учениците од ООУ,,Љубен Лапе” учеа за моќта на сликата

    Archives

    December 2020

    Categories

    All

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.