Писмо од уредникот
![]() Конечно е тука нашиот е-весник! Еден студен февруарски ден, во далечната 1992 година, стоев пред врата на којашто пишуваше Наставничка канцеларија и се надевав дека ќе се пронајдам себе си како наставник. Сонот што долги години го сонував, конечно ми беше на дофат. Како и секој човек што очекува, се надева, посакува нешто, и јас ветував сѐ само да ми се оствари сонот. „Боже, ти ветувам дека нема да дозволам да ме згази времето, ќе бидам модерен наставник дури и пред пензија! Ќе учам да слушам повеќе отколку да зборувам; да објаснувам без да се 'правам паметна’...“ - ветував тивко, во себе... и, ја отворив вратата и влегов во канцеларијата. И не се откажав од тоа ветување! Oд ден во ден учев. Таа година во октомври излезе третиот број на училишниот весник „Растеж“, што излегуваше еднаш годишно, пред Патрониот празник на училиштето. Имаше вкупно 8 страници и беше отпечатен во печатницата на „Нова Македонија“. Колку посакував тогаш училишнот весник да излегува барем еднаш секое тримесечје. Но, тоа беше само (уште еден) сон, и уште едно ветување за во иднина. Денес сум горда; горда на себе, на моите колеги и соработници и најмногу на моите ученици. Горда на сите членови на медиумската секција во училиштето! Мојот сон стана јаве! Денес излегува првиот број од училиштниот е-весник! Нашиот Л.А. ИН-форматор! Како дел од ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Young Journalists of Today - Responsible Digital Citizens of Tomorrow“ нашиот е-весник денес заживејува. Нека ни е со среќа! Валентина Петрова
Главен и одговорен уредник Vertical Divider
|
Е-весниците на нашите партнери во проектот
|