Л.А. ИН-ФОРМАТОР
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Април
    • 2021, Март
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Април
    • 2021, Март
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
Search by typing & pressing enter

YOUR CART

14/1/2020 0 Comments

Млад и талентиран

Picture
        ​Никола Тушевски, кој доаѓа од основното училиште „Глигор Прличев“ од населбата Железара, се истакнува со својот неверојатен талент. Овој млад уметник, иако има само 12 години, полн е со мотивација, инспирација и амбиции.
​
Л.А. ИН-форматор: Со кој вид техника работиш? Дали секој може да се занимава со неа?
Никола: Жанрот на цртање со кој јас се занимавам се нарекува „Doodle“. Овој вид на уметност се состои од имагинации на карикатури на измислени ликови. Се разбира дека секој може да се занимава со овој вид на уметност, потребно е само желба и усовршување на техниката на цртање.

Л.А. ИН-форматор: Кои алатки се потребни за изработка на едно вакво фасцининантно дело?
Никола: За изработка на едно вакво дело се потребни следниве алатки:
молив или тенкоминец со кој се црта скицата; гума за поправање на грешките при изработка на скицата; рапитограф за истакнување на веќе нацртаната скица; фломастери за ретуширање на цртежот.


Л.А. ИН-форматор: Што те инспирира да твориш ваков вид  уметност?
Никола: Мојата мотивација е да се подобрувам со секој мој следен цртеж. Јас најпрвин за оваа техника дознав на  YouTube од познатиот артист Vexx кај којшто преовладува оваа техника, иако користи голем број техники за цртање. Подоцна дознав и за други уметници и артисти. Моите цртежи не би биле исти без музика.

Л.А. ИН-форматор: Дали самостојно ги изработуваш своите креации или пак имаш помош од некој од страна?
Никола: На самите почетоци гледав туторијали на разни интернет страници од различни светски познати артисти. Но сега, кога го поминав тој почетнички период, повеќе не ми се потребни вакви извори, туку самиот сум полн со идеи за наредните креации.
 
Л.А. ИН-форматор: И за крај би сакала да те прашам дали е интересно да се занимаваш со една ваква гранка на уметноста?
Никола: Секако дека е интересно, но тука моментално не е позната и развиена оваа гранка на уметноста. Не можам да гарантирам што ќе биде понатаму, сепак јас имам само 12 години, никој не знае што може да се случи за одреден временски период. Доколку во иднина овој вид уметност се прошири тука, во Македонија, можеби ова хоби ќе прерасне и во моја понатамошна професија.
 
        Како што и самите воочивте, овој млад артист чие хоби е оваа гранка на уметност не само што е талентиран, тој има и големи амбиции за својата иднина. Неговите пријатели го сметаат за многу надарен и му се восхитуваат.
 
 
Автор и фото: А.Гривчевска (7-4)
Видео: YouTube канал на Vexx
0 Comments



Leave a Reply.

    претходно: жената која го има клучот..
    следно: Успесите на учениците во Лазо Ангеловски

    Archives

    January 2020

    Categories

    All Интервју

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.