На 9.12.2020 година беше реализирана онлајн работилница „Пораки во медиумите“ (Media messages) за време на часот по англиски јазик во VIII-4 одд. од страна на предметниот наставник, Љубица Ружинска, која е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес - одговорни дигитални граѓани утре“. Цел на оваа работилница беше да има се покаже на учениците нереалниот свет претставен преку личните и професионалните медиуми. Преку овој час научивме за долгиот процес зад камерите на снимање на една реклама, нереалната вистина зад социјалните мрежи и желбата на сите да смениме нешто кај себе. Сето ова наставничката ни го покажа преку кратки видеа, дискусии, слики и информации. Часот започна со кратка дискусија за промената на стадардите на убавина низ годините, потоа погледнавме кратко видео за притисоците за идеален изглед (appearance pressure), наставничката постави неколку прашања во врска со промената во стилот во текот на годините и зошто тоа се случува. Разговаравме за професионалните и личните медиуми и како истите можат да не манипулираат. Погледнавме видео за профионалните медиуми, поточно за работата зад камерите на една реклама и дискутиравме на темата рекламирање и светот на тајното рекламирање. Размисливме за проблемите од овој не реален свет и гледавме видео на темата на кој начин се споредуваме себе си со останатите околу нас и дискутиравме на истата тема. Часот го завршивме со разговор за личните медиуми и како тие влијаат на секојдневниот живот на луѓето. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк
Автор: Ана Гривчевска VIII-4 фото: screenshots од онлајн часот
0 Comments
Leave a Reply. |