Л.А. ИН-ФОРМАТОР
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
  • Актуелно
    • Вести
    • Интервју
    • Работилници
  • Култура
  • Мода
  • Технологија
  • Гостин уредник
    • 2021, Јануари/Февруари
    • 2020, Декември
    • 2020, Ноември
    • 2020, Октомври
    • 2020, Мај
    • 2020, Април
    • 2020, Март
    • 2020, Февруари
    • 2020, Јануари
    • 2019, Декември
  • Контакт
  • Редакција
    • Од уредникот
Search by typing & pressing enter

YOUR CART


Неверојатен успех на интеранционален натпревар од страна на ученичка од нашето училиште

8-та Меѓународна олимпијада по англиски јазик беше организирана од страна на Глобалната Асоцијација на Хипо во периодот од фебруари-октомври 2020 година и се состоеше од 3 квалификациски делови: прелиминарен круг, полуфинале и финале. Олимпијадата е меѓународен настан кој го промовира англиски јазик поттикнувајќи ги учениците од различни држави да се натпреваруваат во познавање на англиски јазик. Поради настаната ситуација со светската пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот, полуфиналето и финалето беа организирани онлајн.
Ученичката
Ена Велеска од VIII-6 одделение од нашето училиште, учествуваше во сите три делови од овој натпревар во категоријата Hippo 2 и успеа да постигне голем успех, освојувајќи осмо место во финалниот круг со освоени 96,75 бодови.

                                                                                                                                прочитај повеќе
Picture

Урбаните херои од серијата „Зоки Поки“

Picture
Секое време си носи свои херои. Така и нашето време носи модерни урбани херои. Ние како ученици имаме среќа токму во нашето време да се сними ТВ серија според омилената книга на многу деца, а тоа е приказната за „Зоки Поки“ на писателката Оливера Николова. Книгата „Зоки Поки“ за првпат е објавена во 1963 година, а повеќе од половина век е задолжителна лектира за учениците во основните училишта. Истата е преведена на повеќе јазици: српски, романски, украински, чешки, италијанкси, словенечки, турски, албански и германски јазик. 
Серијалот е составен од 10 епизоди на интересни случувања од секојдневниот живот. Серијалот е снимен во продукција на „Кино Око“, а се емитуваше на МРТ националниот сервис како продуцент се запишува Роберт Насков.

                                                                                                                                прочитај повеќе

Успесите на учениците во Лазо Ангеловски дури и во Корона пандемија

Една од ученичките од нашето училиште, која учествуваше на онлајн натпреварите кои се одржаа во последниот период и покрај Корона пандемијата, е Катерина Иванова од 8-6 одделение. Таа учествуваше на натпревар по биологија и освои 3 награда на регионалниот и на државниот натпревар. Ученичката која освои 1 награда на регионалниот и на државниот натпревар по биологија е исто така ученичка од нашето училиште ООУ „Лазо Ангеловски“, а нејзиното име е Теона Тренеска од 8-5. Регионалниот натпревар се одржа на 26.08.2020, додека државниот се оддржа на 28.9.2020. Преку нивните одговори на прашањата на новинарите од Медиумската секција ќе дознаеме какво е искуството да се учествува на онлајн натпревар.

                                                                                                                                 прочитај повеќе
Picture

Млад и талентиран

Picture


Никола Тушевски, кој доаѓа од основното училиште „Глигор Прличев“ од населбата Железара, се истакнува со својот неверојатен талент. Овој млад уметник, иако има само 12 години, полн е со мотивација, инспирација и амбиции.
прочитај повеќе​

ЖЕНАТА КОЈА ГО ИМА КЛУЧОТ НА РИЗНИЦАТА НА СИТЕ МУДРОСТИ

Интервју со нашата драга библиотекарка Благица Ангеловска, воедно и основач на Клубот на читатели во нашето училиште.

Онаму каде што завршува детскиот свет со училишни обврски и веселиот детски џагор на големиот одмор, започнува светот на љубопитството, светот на книгите.
                                                 
                                                                                                                          прочитај повеќе
Picture

Два ЕРАЗМУС+ КА229 проекти
во ООУ „Лазо Ангеловски“

„Креативни читатели“

Picture
Интервју со Мирослава Павлова-Аневска и Весна Стрезоска по повод координаторскиот состанок во Липовљани, Хрватска, за ЕРАЗМУС+ КА 229 проектот Creative Readers.
​
Проектот „Креативни читатели“ беше започнат од страна на хрватското основно училиште „Јосип Козарац“ кое се наоѓа во Липовљани  на околу 70 км од Загреб мобилноста се случуваше од 14 до 18.10.2019 год., главниот град на Хрватска. Целта  на проектот  е да се подобрат вештините и мотивираноста за читање книги кај учениците.​  
                                                                                                                                        ​ прочитај повеќе

​


„Млади новинари денес - одговорни дигитални граѓани утре“

Интервју со Љубица Ружинска и Валентина Петрова по повод координаторскиот состанок во Загреб, Хрватска, за ЕРАЗМУС+ КА229 проектот Young Journalists of Today - Responsible Citizens of Tomorrow.

„Бевме многу изморени, но презадоволни од активностите што ги имавме“.

                                                                                                                                       прочитај повеќе
Picture

ПОСЕТА НА НАСТАВНИЦИ ОД ЧАНАК КАЛЕ, ТУРЦИЈА

Picture
Интервју со Милена Игњатова, помошник директор, по повод посетата на наставници од училиште од Чанак Кале, Република Турција.

​Од 17-20.11.2019 во ООУ „Лазо Ангеловски“ имаше посета од претставници од едно училиште и од општината од Чанак Кале, Република Турција. Посетата траеше неколку дена. За целта на посетата и впечатоците од неа, разговаравме со Милена Игњатова, помошник директор во нашето училиште.                                                                                                                                                                                                                                                                                   прочитај повеќе
Биди ИН, читај Л.А. ИН-форматор

    Биди ИН -
    претплати се

Subscribe

Powered by Create your own unique website with customizable templates.