Македонија на Европско првенство
Македонија за првпат во својата историја ќе игра на Европското првенство. Тоа што го ветија македонските репрезентативци од самото поаѓање од Скопје го реализираа на Динамо арената во Тбилиси славејќи со 0-1 против Грузија. Горан Пандев со голот во 56 минута ја донесе посакуваната победа. Македонија успеа да се пласира на Европското првенство во фудбал.
прочитај повеќе |
Победа на Игор Стефановски Иџе на ТЦР шампионатот во Италија
Игор Стефановски Иџе на 20 септември успеа да ја победи трката Валелунга во рамките на ТЦРшампионатот во Италија. Тој тргна од седмата позиција и до крајот на трката успеа да стигне до прво место, победувајки ја трката.
прочитај повеќе |
Како се патува за време на пандемија
Сакате да патувате, но ве спречува ситуацијата со пандемијата на корона вирусот? Можете слободно да патувате со авион во некои држави. Во воздушниот сообраќај постојат правила за време на пандемијата кои морате да ги почитувате.
прочитај повеќе |
Светски ден на детето
Денот на детето се слави на 20 ноември, а Светската организација за подобро детство ги потсетува државите, невладините организации и институциите дека сè уште постојат деца кои живеат во лоши услови кои имаат влијание врз нивниот раст и развој во животот.
Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат. прочитај повеќе |
Компанијата Кока-Кола го претстави првото шише кое е изработено од хартија
Компанијата Кока-Кола најавува дека ќе го напушти лобито на производители на пластика и дека работи на зголемување на употреба на еколошки прифатлива пластика.
Која е нивната цел и како би се реализирало? Компанијата Кока-Кола веќе работи на производството на новото шише од хартија, која тие потврдуваат дека би се рециклирало дури до 100%.. прочитај повеќе |
Шест национални и една европска ознака за квалитет на нашиот еТвининг проект
Нашиот еТвининг проект кој се реализираше во периодот од декември 2019 до мај 2020 година, се здоби со Европска ознака за квалитет. Ова значи дека работата на наставниците, нивните ученици и училиштето во кое што работат, е препознаена и наградена со највисоко европско ниво
прочитај повеќе |
Денови на медиумска писменост 2020
Од 26 октомври до 2 ноември 2020 година, ќе се одржи второто издание на Деновите на медиумската писменост организирани од страна на Мрежата за медиумската писменост.
прочитај повеќе |
Интернационален натпревар на NASA за деца и младинци
NASA Space Apps Challenge е најголемиот хакатон во светот кој се случува истовремено на над 200 локации на 5 континенти и поврзува отворени податоци од вселенските агенции со решавачи на проблеми. Целта на настанот е да поттикне соработка, креативност и критичко размислување, да поттикне интерес за наука и истражување поврзано со Земјата и Вселената и да инспирира нови генерации на научници, технолози, дизајнери, инженери и претприемачи..
прочитај повеќе |
Учебната 2020-2021 година започна на поинаков начин
Оваа година е многу поразлична од другите. Поради пандемијата со корона вирусот нашата држава одлучи учебната 2020-2021 година да започне еден месец подоцна, односно на 1 октомври, и да се одвива по скратена наставна програма.
прочитај повеќе |
Е-книга и материјали за 15 работилници за „Медиумска писменост и дигитално граѓанство“
Еразмус+ тимовите од 5 парнер-училишта (Хрватска, Северна Македонија, Србија, Романија и Шпанија) вклучени во нашиот КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓни утре“ за време на летниот распуст подготвија е-книга која содржи материјалите за 15 работилници за „Медиумска писменост и дигитално граѓанство“. Цел на работилниците во оваа е-книга е да се влијае врз развивање на критички однос кон медиумите и развивање на компетенции во полето на дигиталното граѓанство.
прочитај повеќе |
Избор на најдобрите натписи во рамките на еТвининг проектот
Основната идеа на нашиот Еразмус+ проект „Млади новинари денес - одговорни дигитални граѓани утре“ е развивањето на медиумската писменост и свеста кај учениците преку пишување и читање на натписи од нивните со-ученици од различни држави. За проширување на оваа идеа во поголем обем, односно опфаќање на повеќе држави во активностите беше започнат нашиот еТвининг проект под истото име. Оваа учебна година во еТвининг проектот, покрај 5 партнер-училишта од 5 земји во проектот, се вклучија и две училишта од Турција и по едно училиште од Италија, Кипар и Ирска.
Како дел од овој еТвининг проект, од јануари до април 2020 година, училиштата разменуваа по 2 натписа напишани од нивните ученици месечно. Во своите натписи учениците пишуваа на различни теми и за различни проблеми од нивното секојдневие, како и на теми поврзани со лажни вести, скриеното рекламирање, цивилниот активизам, развивање на дигиталната писменост и сл. прочитај повеќе |
Најсреќни држави во светот за 2020 година
Можеби е чудно да се размислува за земјите да бидат „среќни“ кога овој период, голем дел од светот се соочува со Ковид-19 вирусот. Но на 28 март 2020 година, истражувачите објавија годишен извештај кој ги рангираше земјите во светот според тоа колку се среќни.
прочитај повеќе |
Јутјуберот Mr Beast и неговата идеја за забавување на луѓето кои се во карантин
Јутјуберот Mr Beast имаше многу интересна идеја за да ги забавува луѓето кои се во карантин. Тој повика 32 други јутјубери или славни личности на натпревар по „Лист, камен, ножички“ (Rock, paper, scissors).
прочитај повеќе |
Планетата Земја има нова Месечина
За кратко време Земјата ќе има две месечини. Едната месечина е месечината што сите ја знаеме, a другата е мала месечина со големина на автомобил што се појавила во последните неколку години и може да замине во текот на следниот месец.
прочитај повеќе |
Денот на планета Земја
Ширум светот Денот на планетата Земја се одржува на 22 април. Оваа година на 22 април 2020 година се одбележува 50 годишнината од Денот на планетата Земјата. Темата за 2020 година е климатското дејствување. Како да се однесуваме да ја заштитиме нашата Планета, и како можеме да се справиме со секојдневните климатските промени е прашање кое најчувствително како тема за оваа 50-годишнина.
прочитај повеќе |
Светските ѕвезди го “осветлија темното небо”
Во оваа состојба на светската пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот, кога сите седат дома и немаат идеја што да прават, дел од светските музички ѕвезди ги здружија силите за заеднички да оддадат почит на здравствените работници во еден онлајн концерт на глобално ниво под наслов One World: Together at Home.
прочитај повеќе |
Часот на планетата Земја
Секој од нас има одговорност за планетата Земја. Се што е потребно е нашата добра волја и подигнување на свеста за чување на нашата планета. Часот на планетата Земја претставува најголема светска акција со еколошки карактер, која има цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати силна порака за спас на планетата..
прочитај повеќе |
Затворени училишта во сите партнер земји од нашиот Еразмус+ проект
Во сите партнерски земји училиштата се затворени поради Ковид-19 вирусот и никаде нема редовни часови. Училиштата прво беа затворени во Романија на 9-ти март. Во Македонија часовите беа прекинати на 11-ти март, исто како и во Шпанија. Србија ги затвори училиштата на 17-ти март, а во Хрватска еден ден претходно, на 16-ти март.
прочитај повеќе |
Наградата еТвининг училиште 2020-2021
На ден 18.03.2020 година нашето училиште се здоби со наградата еТвининг училиште 2020-2021 која за трет пат се доделува од страна на Европската Комисија. За нашето училиште ова е втора награда, односно имаме добиено награда за еТвининг училиште 2018-2019.
прочитај повеќе |
Зошто е важно да се намали ширењето на Ковид-19?
Низ целиот свет владите го ограничуваат патувањето, се затвараат гранични премини и аеродороми, се откажуваат јавни настани и собири и се затвораат училиштата. Во некои земји е прогласен карантин (Италија) или е прогласена вонредна ситуација. Сите преземени мерки имаат за цел да се намали ширењето на Ковид-19 (Covid-19). Иако овие мерки можеби звучат застрашувачки, целта е да се заштитат луѓето.
Што би се случило доколку не се запре ширењето на овој вирус? прочитај повеќе |
Мерки за превенција од ширење на Ковид-19
Застапеност на овој вирус
Овој вирус е најзастапен во Кина од каде и потекнува, иако бројот на нови случаи е се помал со се помалку активни случаи. Од друга страна, ситуацијата во Европа се менува секојдневно. прочитај повеќе |
Хипо Меѓународна јазична олимпијада по англиски јазик
Глобалната Асоцијација на Хипо ја организира 8-та Меѓународна олимпијада по англиски јазик Олимпијадата е отворена за ученици од 6-19 години од целиот светот.
Учениците кои сакаат да учествуваат, полагаат тестови на едно од местата одобрени од Олимпијадата (во државни училишта и училишта кои се дел од формалниот систем на образование, како и приватните училишта). прочитај повеќе |
Ден за побезеден интернет 2020
Фебруари е месец на безбедноста на интернет. Денот за побезбеден интернет промовира одговорно, критично и креативно користење на дигиталната технологија, посебно меѓу децата и младите преку повик за создавање подобар и побезбеден интернет.
По тој повод, во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 поректот ,,Млади новинари денес - одговорни дигитални граѓани утре” нашето училиште распиша конкурс за учениците од V до IX одделение за изработка на дигитален постер за Побезбеден интернет. прочитај повеќе |
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ЗА КОВИД-19?
Овој вирус потекнува од Вухан во Кина заради нелегално продавање на животни. Најверојатно вирусот се пренел преку директен контакт од животно на човек (зооноза), или како и многу други микроби – едноставно преку воздух. Бројката на починати од Ковид-19 цело време расте.
прочитај повеќе |
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2020
На ова Европско првенство во ракомет во 2020 година учествуваа многу репрезентации од Европа. Репрезентациите беа поделени вп групи по четворица.
прочитај повеќе |
ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ
На 02.II 2020 год. (недела) во 21 часот Скопје се најде на шестото место во светот како град со најзагаден воздух. Индексот на загадување беше 170, а на врвот на листата се наоѓаше Ханои, Виетнам.
прочитај повеќе |
НОВОГОДИШНА ПРЕТСТАВА
Нашето училиште ја дочека новата година со новогодишна претстава со името ,,Ах тој дедо мраз никаде го нема’’ која беше реализирана од страна на драмската секција на нашето училиште.
прочитај повеќе |
ПОСЕТА НА СОБРАНИЕТО НА РСМ
На 19.XII 2019 година учениците од петто одделение од нашето училиште го посетија Собранието на Република Северна Македонија.
,,Мене најмногу ми се допадна собата со портрети кадешто ги имаше нацртано сите досегашни претседатели на Република Македонија’’- изјави наставничката Јасмина Ристеска прочитај повеќе |
СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛИ ЗА ДЕЦА
Писателите Ксенија Маказлиева, Ванчо Полазаревски и Наум Поповски се сретнаа со ученици од ООУ ‚‚Лазо Ангеловски‘‘.
Овој настан беше организиран на 3.XII 2019 година од страна на библиотекарката Благица Ангеловска, а се одржа во библиотеката ‚‚Браќа Миладиновци‘‘. прочитај повеќе |
ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕС ЗА ЧИТАЊЕ КНИГИ
Креативно-творечка работилница во ООУ ,,Лазо Ангеловски”
Зголемен интерес за читање на книги кај учениците преку креативно творечката работилница во училиштето. Основната цел на оваа работилница е да се споделат цитати, мисли и сегменти од прочитани книги соодветни за возраста на учениците. |
И СТРИПОТ Е ЛЕКТИРА?

Седмоодделенците од ОOУ „Лазо Ангеловски“, лектирата „Силјан штркот“ од Марко Цепенков ја обработија во вид на стрип.
Кој вели дека обработката на лектирите не може да биде интересна. Наставничката по македонски јазик, Валентина Петрова, имаше идеја седмоодделенците да ја обработат лектирата „Силјан штркот“ во вид на стрип. Тие ја обработуваа оваа лектира со помош на страницата https://makebeliefscomix.com на која може да се прават стрипови.
прочитај повеќе
Кој вели дека обработката на лектирите не може да биде интересна. Наставничката по македонски јазик, Валентина Петрова, имаше идеја седмоодделенците да ја обработат лектирата „Силјан штркот“ во вид на стрип. Тие ја обработуваа оваа лектира со помош на страницата https://makebeliefscomix.com на која може да се прават стрипови.
прочитај повеќе
СЕЗОНА НА НАТПРЕВАРИ: ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ

Со цел заштита на граѓаните и материјалните вредности Противпожарниот сојуз на град Скопје со години наназад одржува разни манифестации за подигање на свеста на граѓаните. На 05.11.2019 година во нашето училиште се одржа противпожарен квиз со натпреварувачки карактер организиран токму од Противпожарниот сојуз на град Скопје.
„SВОН“
Учениците од VII, VIII и IX одделение од нашето училиште настапуваат на „Ѕвон“. Учениците од VII, VIII и IX одделение од нашето училиште имаат препознатилив талент, па затоа тие настапија на емисијата „Ѕвон“ на МРТВ. прочитај повеќе |
ШТО САКААТ УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“!?

Оваа година нашето училиште својот Патронен празник го прослави со многубројни активности, а една од нив беше и мјузиклот "Ние децата сакаме..” реализиран од драмската секција на училиштето.
прочитај повеќе